Кеманкеш Кара Мустафа-паша (починал на во ) — османлиски државник и Голем везир во периодот од 23 декември 1638 до 31 јануари 1644 година.
По потекло од Албанија[ History page of Yıldızeli mayor ], како мал бил земен во јаничарскиот корпус каде во 1634 година станал командант, а по една година станал главен адмирал на морнарицата или капудан-паша. Учествувал во походот кон Багдад и по смртта на Тајар Мехмед-паша бил назначен за Голем везир.
По смртта на султанот Мурат IV, тој бил оставен на функцијата и во времето на Ибрахим I. Бидејќи новиот султан немал сила да управува, Кара Мустафа Паша де факто бил владетел на царството. Користејќи тешки методи, тој ставил крај на бунтовите и го намалил бројот на редовните војници. Тој си создал голем број на непријатели кога успеал да погуби неколку паши во дворот. Најголема опозиција му биле Џинџи Хоџа и везирот Султанзаде Мехмед-паша кои биле под контрола на Ќосем султан. Иако неколкупати сакал да поднесе оставка, тоа не било прифатено од султанот сè до 31 јануари 1644 година кога по неговата оставка тој бил погубен.
Наводи
Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 17 век Категорија:Паши Категорија:Погубени Отоманци Категорија:Данок во крв Категорија:Албански отомански везири Категорија:Родени во 1592 година