„Лолита“ — роман од Владимир Набоков, напишан на англиски јаизик и објавен во 1955 година во Париз, во 1958 година во Њујорк и во 1959 година во Лондон. Подоцна, авторот го превел романот на руски јазик. Романот е забележлив по неговата контроверзна тема, главниот лик и раскажувач кому не може да му се верува, 37 до 38-годишен професор по литература по име Хамберт Хамберт е опседнат со дванаесетгодишната Долорес Хејз со која влегува во сексуални односи, откако ќе стане нејзин очув. Лолита е негов таен прекар за Долорес ( и двете имиња се од шпанско потекло).

По нејзиното издавање, Лолита добива статус на класик, станувајќи еден од најпознатите и најконтроверзни примери на литературата од дваесеттиот век. Името Лолита навлезе во поп културата како опис на девојче кое предвреме созреало сексуално. Романот беше адаптиран во филм во 1966 година од страна на Стенли Кјубрик и во 1997 година од Адријан Лејн. Неколкупати беше адаптиран на сцена и беше тема на две опери, два балета и извикан, но неуспешен Бродвејски мјузикал.

Лолита е вклучена и во списокот на 100 најдобри романи на англиски јазик од 1923 до 2005 година издадена од Тајм. Четрврта е на списокот на 100 најдобри романи на 20 век од Модерната библиотека и е вклучена во списокот на 100 најдобри книги на сите времиња направена во 2002 од стана на Норвешкиот клуб на книги.

Содржина Фиктивниот предговор на романот тврди дека Хамберт Хамберт умира од коронарна тромбоза додека ги завршува неговите мемоари, настаните од романот. Исто така се вели дека госпоѓа Ричард Шилер умрела на возраст од 17 години при раѓањето на мртво девојче на Божиќ 1952 година.

Хамберт Хамберт, книжевен научник, криеше долготрајна опсесија со млади девојчиња или „нимфети“. Тој претпоставуваше дека ова е предизвикано од прераната смрт на неговата сакана од детсвото, Анабел Ли. По неуспешен брак и краток период во ментална болница поради нервен слом Хамберт се преселува во малата Нова Англија во Ремсдејл за да пишува. Тој изнајмува соба во куќата на вдовицата Шарлот Хејз. Хамберт се запознава и со нејзината дванаесетгодишна ќерка Долорес (родена во 1935 година) позната како „Ло“, „Лола“ или „Доли“ која веднаш го заведува, делумно поради нејзината необјаснива сличност со Анабел. Тој тајно ѝ го дава прекарот Лолита. Хамберт останува во куќата само за да остане близу до неа. Додека Долорес е во летниот камп, Шарлот која се заљуби во Хамберт му вели дека тој мора да се ожени со неа или во спротивно да се отсели. Хамберт се согласува да се ожени со неа за да може да остане близу до Лолита. Шарлот е несвесна за гадењето кое Хамберт го чувствува кон неа, како и за желбата која ја има за Лолита, додека не го прочита неговиот дневник. Дознавајќи за вистинските чувства и намери на Хамберт, Шарлот планира да избега и да ја прати Долорес во поправно училиште заканувајќи му се на Хамберт дека ќе го претстави како „гнасен, одвратен, криминален измамник“. Сепак судбината работи во корист на Хамберт – додека Шарлот во шок ја преминува улицата, ја удира кола и таа умира.

Хамберт ја зема Лолита од кампот преправајќи се дека Шарлот е во болница. Намаесто да ја врати дома, Хамберт ја носи Лолита во хотел каде и дава апчиња за спиење. Додека чека апчињата да почнат да делуваат се шета низ хотелот и запознава еден човек, кој како да знае кој е тој. Хамберт се извинува за чуднот разговор и се враќа во собата. Таму се обидува да ја злоупотреби Лолита, но забележува дека седативите не се доволно силни. Но, утредента таа иницира секс, по објаснувањето дека во кампот спиела со некое момче. Подоцна Хамберт ѝ открива на Лолита дека Шарлот е мртва не давајќи ѝ друг избор освен да го прифати како очув или да се соочи со домот за сираци. Лолита и Хамберт патуваат низ земјата, од држава во држава, од мотел во мотел. За да ја оттргне од идејата да оди во полиција Хамберт ѝ вели на Лолита дека така ќе го уапсат и таа ќе стане штитеник на државата и ќе ја изгуби цела облека и сè што поседува. Исто така ја подмитува за сексуални услуги, иако знае дека таа го прави тоа со сила и не ги дели неговите интереси. По една година патувајќи низ Северна Америка тие се вселуваат во нов град во Нова Англија каде Лолита се запишува во училиште за девојчиња. Хамберт станува многу посесивен и строг и не ѝ дозволува на Лолита да учествува во училишни активности по часовите или да другарува со момчиња. Најголемиот дел на жителите на градот ова го гледаат како однесување на загрижен и старомоден родител, но полн со љубов.

Лолита моли за дозвола да игра во училишната претстава, а тој без задоволство ѝ ја дава во замена за уште сексуални услуги. Претставата е напишана од г-дин Клер Квилти. Наводно Квилти присуствувал на пробите и се воодушевил од глумата на Лолита. Пред вечерта на премиерата Лолита и Хамберт имаат жестока расправија, по која Лолита бега од дома додека Хамберт ги убедува соседите дека сè е во ред. Тој ја бара очајнички и ја наоѓа како излегува од една телефонска говорница. Таа е во весело, пријатно расположение велејќи му дека се обидувала да го добие и дека донела важна одлука. Одат да се напијат нешто и таму Лолита му вели на Хамберт дека не ѝ е гајле за претставата и дека сака да продолжат со патувањето.

Додека возат кон запад, Хамбер добива чувство дека некој ги следи и станува претерано параноичен, сомневајќи се дека Лолита крои завера со други како да избега. Лолита се разболува и мора да закрепне во болница, додека Хамберт престојува во мотел во близина без Лолита за првпат во толку години. Една вечер Лолита исчезнува од болницата. Вработените му кажуваат на Хамберт дека нејзиниот „вујко“ ја отпишал. Хамберт влегува во очајничка потрага по Лолита и нејзиниот грабнувач, но најпосле се откажува. За ова време Хамберт има двегодишна врска со жена по име Рита, која ја опишува како „вид добар спорт“ кој ја дозволува неговата потрага по Лолита без да ги знае деталите. Хамберт добива писмо од Лолита, која сега има седумнаесет, и која му вели дека е мажена (нејзиното сегашно име е Долорес Шилер), бремена и очајно ѝ се потребни пари. Хамберт оди да ја види, давајќи ѝ пари во замена за името на човекот кој ја грабна. Таа му ја открива вистината. Клер Квилти ја отпишал од болницата, откако ги следел насекаде при нивните патувања и се обидел да ја направи ѕвезда во нековите порнографиски филмови. Откако одбила, тој ја исфрлил. Работела несекојдневни работи пред да го запознае и да се омажи со нејзиниот сопруг кој не знае ништо за нејзиното минато. Хамберт ја замолува Лолита да го остави нејзиниот сопруг Дик и да се врати да живее со Хамберт, но таа го одбива. И покрај тоа, тој ѝ дава голема сума пари која ќе ѝ ја обезбеди иднината. Додека тој си заминуваше таа се насмевна и го отпоздрави на сладок американски начин. Хамберт го наоѓа Квилти, кого има намера да го убие во неговиот замок. Пред да го направи тоа, сака Квилти да дознае зошто ќе биде убиен. Најпосле, го застрелува и убива, и ја напушта куќата. Кратко потоа го апсат за возење во спротивна насока и застранување. Раскажувањето завршува со завршните зборови на Хамберт со кои ѝ посакува на Лолита сè најдобро и го предава романот да биде објавен по неговата и по смртта на Лолита.

Еротски мотиви и контроверзија Лолита повремено е опишана како „еротски роман“ од страна на некои критици како и од стандардни наводи... Големата советска енциклопедија ја нарече Лолита експеримент во комбинирање на еротски роман со поучен манирен роман. Истото објаснување е најдено и во рефернцната работа на Дезмонд Морис во Книгата на вековите. Попретпазливи класификации ја класифицираат како „роман со еротски мотиви“ или еден од многуте дела на класична еротска литература и уметност и романи кои содржат елементи на еротика како Улис и Љубовникот на Лејди Четерли. Сепак, оваа класификација беше оспорена. Малком Бредбери пишува „одпрво позната како еротски роман Лолита пробива низ патот како литературен роман – доцна модернистичка дестилација на целата сурова митологија. Семјуел Шуман вели дека Набоков е надреалист сличен на Гогољ, Достоевски и Кафка. Лолита е карактеризирана со иронија и сарказам. Не е еротски роман. Ленс Олсен пишува „Првите 13 глави од текстот кулминирајќи со сцената во која Ло не сакајќи ги испружува нозете преку Хамбертовиот возбуден скут...се единствените глави кои наведуваат на еротиката. Набоков и самиот забележува во поговорот дека некои читатели биле наведени на погрешно мислење. На почетокот на книгата заклучуваат дека ќе биде разуздана, очекуваат разгорување на еротските сцени и кога тие запираат на читателите им се здосадува и запираат и тие.

Стил и интерпретација Романот е трагикомедија, раскажана од Хамберт, кој ја изрешетува нарацијата со игра на зборови и неговите изопачени набљудувања на американската култура. Неговиот хумор обезбедува ефективне контрапункт на патосот на трагичната содршина. Екстравагантниот стил на романот се одликува со двојни значења, анаграми и кованици како што е нимфета, збор кој по романот создава свој живот и може да се најде во повеќето речници, и помалку употребваниот фаунлета. Еден од ликовите во романот „Вивиан Даркблум“ е анаграм од името на авторот. Неколкупати, раскажувачот го моли читателот да разбере дека тој не се гордее со силувањето на Лолита и дека е полн со грижа на совест. Во еден момент тој слуша звуци на деца како си играат и е погоден од грижа на совест кога сфаќа дека ѝ го украл детствотот на Лолита. Кога повторно се среќава со седумнаедетгодишната Лолита, тој сфаќа дека сè уште е заљубен во неа, иако таа веќе не е нимфетата од неговите соништа. Некои критици ја прифатија верзијата на настаните на Хамберт во номинална вредност. Во 1959 година романописецот Робертсон Дејвис целосно го оправдува наараторот пишувајќи дека „темата на Лолита не е корупцијата на невино дете од страна на итар возрасен човек туку експлоатацијата на слаб возрасен од страна на корумпирано дете. Ова не е пријатна тема, но е таква со која социјалните работници, магистрите и психијатрите се запознаени“. Повеќето критици, како и да е, му препишале помалку значење на Хамберт, а повеќе на Набоковите вештини како иронист. За Ричард Рорти, во неговата интерпретација на Лолита во Контингенција, иронија и солидарност Хамберт е „рамнодушен монструм“. Набоков, самиот го опиша Хамберт како „суетен, суров бедник“ и „личност полна со омраза“. Во неговиот есеј за станилизмот Мартин Амис предлага дека Лолита е сложена метафора за тоталитаризмот кој ја уништи Русија во детството на Набоков (иако Набоков во поговорот тврди дека презира симболи и алегории). Амис го толкува романот како приказна за тиранијата раскажана од тиранот. „Набоков, во целата негова фикција пишува со неспоредлива пенетрација за делузијата и принудата, за суровоста и лагите,“ тој вели „дури и Лолита, особено Лолита е студија по тиранија“.