ФК Барселона Атлетик познат и како Барселона Б — шпански фудбалски тим со седиште во Барселона, Каталонија. Основан во 1970 година тој служи како резервен тим на прволигашот ФК Барселона и моментално се натпреварува во втората шпанска лига, каде што домашните натпревари ги игра на стадионот Мини Естади.
Резервните тимови во Шпанија играат во истиот лигашки систем како и сениорските екипи, наместо во лига во која што се натпреваруваат резервните екипи. Тие мораат да играат на минимум едно ниво пониско од нивниот сениорски тим, па затоа Барселона Б не може да се пласира во Ла Лига и не смее да игра во Кралскиот куп.
Почести Сегунда Дивизион Б: 1981–82, 1990–91, 1997–98, 2001–02 Терсера Дивизион: 1973–74, 2007–08
Надворешни врски Официјален профил на тимот на порталот на ФК Барселона Профил на Futbolme Профил на BDFutbol
Категорија:ФК Барселона Категорија:Фудбалски клубови од Шпанија Категорија:ФК Барселона Б