Драган Георгиевски (1986, Скопје) — македонски писател, кој пишува куси раскази. Животопис Драган Георгиевски е роден во 1986 година, во Скопје. Студирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Творештво Во 2013 година ја објавил збирката куси раскази со наслов „Метаморфузија“, во издание на Темплум. Истата година, со неа ја освоил наградата „Новите!“, која ја доделува Темплум.Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 322-324.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Родени во 1986 година