мини|250п|Внатрешните Хебриди (темносино) во рамките на Шкотска Внатрешни Хебриди (; ) — островска група западно од брегот на континентална Шкотска, југоисточно од Надворешни Хебриди. Заедно, овие две островски групи формираат една целост, архипелагот Хебриди. Постојат 36 населени острови, и 43 подалечни ненаселени во внатрешноста на групата, со површина од .

Стопанство Главните стопански дејности се: туризам, фармерско земјоделство, риболов и произведување на виски. Во модерно време, Внатрешните Хебриди ги сочинувале две локални јурисдикции, една на север, и една на југ. Заедно, островите имаат површина од 412,8 ха и население од 18.948 жители. Густината на населеност изнесува нешто повеќе од .

Клима

На острoвите владее блага клима под влијание на Голфската струја. Јануарските температури се околу 4-5 °C, а 12-16 °C во лето. Дождовите се чести, а годишната количина на врнежи е 1.000-1.200 мм. Хебридите се секогаш изложени на јаки ветрови. Просечната брзина на ветровите е преку , а често достигнуваат брзина од .

Историја

Во најголем дел историјата на Хебридите се поклопува со историјата на Шкотска. Во времето на кралството Далријада островите ѝ припаѓале на Ирска. Во периодот 572-1266 биле под власт на Норвежаните. Во X и XI век овде се јавила мешана галско-нордиска култура. Од XIII век Хербидите биле централен дел на власта на кланот Доналд. Тоа било шкотско поткралство кое на врвот на својата моќ ја зафаќало Северна Ирска и западниот брег на Шкотска. Малиот остров Јона бил центар на овие територии и традиционално духовно средиште на Шкотска. Христијанството од Ирска се проширило на Шкотска преку овој остров, почнувајќи од 563 година.

Поврзано Надворешни Хебриди

Надворешни врски Поголеми острови на Хебридите Водич низ островите

Категорија:Хебриди Категорија:Географија на Шкотска Категорија:Британски Острови Категорија:Архипелази Категорија:Поранешни колонии на Норвешка