Џим Грант (роден на 29 октомври 1954), подобро познат по неговиот псевдоним Ли Чајлд, е британски писател на трилер романи.
Животопис Ли Чајлд е роден во Англија, каде работел како телевизиски продуцент, а потоа се преселил во САД. Живее во Њујорк. Творештво Ли Чајлд е најпознат како автор на криминалистичките романи за Џек Рејчер, кои се објавени во 39 земји ширум светот. Во 2006 година објавил два романа - деветтото и десеттото продолжение од серијалот за Џек Рејчер: „Еден истрел“ (One Shot) и „Тешкиот пат“ (The Hard Way). За својот прв роман „Подиум за убивање“ (Killing Floor) ги освоил наградите „Antony“ и „Barry“, за најдобро дебитантско дело во жанрот „мистерија“. Неговиот расказ „Десет килограми“ е објавен на македонски јазик во 2010 година, во збирката „Кокаински хроники“, во издание на „Темплум“.Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 7.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Ли Чајлд
Категорија:Родени во 1954 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Ковентри Категорија:Англиски писатели Категорија:Американски романописци Категорија:Американски писатели на фантастика Категорија:Заповедници на Редот на Британската Империја