Исмаил Енвер ПашаHarp Akademileri Komutanlığı, Harp Akademilerinin 120 Yılı, İstanbul, 1968, p. 46. ( во - во Таџикистан) бил османлиски државник активен учесник во Младотурската револуција од 1908 година, еден од водачите на младотурската партија Комитет за единство и напредок.
Исмаил Енвер е роден во Истанбул во семејството на железнички работник. Пораснал во сиромаштија. Од 1897 година станал член на движењето на младотурците. Во 1903 година дипломирал на истанбулската воена академија. Во 1912 година партијата на младотурците победила на изборите, но малку подоцна почнува да ја губи популарноста. Во јануари 1913 година, Енвер спровел државен удар против владата.
По превратот станал министер за одбрана. Бил голем противник на нетурското население. Во текот на Првата светска војна ја вршел функцијата заменик на главниот командант (командант формално бил султанот). По крајот на војната побегнал во Берлин каде живеел под псевдонимот Али бег. Во Истанбул од повоениот трибунал бил осуден на смрт.
Поврзано Младотурци Комитет за единство и напредок
Наводи
Надворешни врски
Животопис на Енвер Паша Животопис на Енвер Паша — портал „Турција во Првата светска војна“
Категорија:Асирски геноцид Категорија:Ерменски геноцид Категорија:Отомански Албанци Категорија:Комитет за единство и напредок Категорија:Паши Категорија:Отомански министри Категорија:Погребани во Истанбул Категорија:Дамат Категорија:Отоманци од 19 век Категорија:Отоманци од 20 век Категорија:Отоманци од Првата светска војна Категорија:Питомци на Отоманската воена академија Категорија:Питомци на Отоманскиот воен колеџ Категорија:Носители на Железниот крст Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (воен)
en: