„Собата на Марвин“ (англиски: Marvin's Room) — американски филм од 1996 година, во режија на Џери Закс. Главните улоги ги толкуваат: Мерил Стрип, Роберт де Ниро, Дајан Китон и Леонардо Ди Каприо. Филмот е снимен според истоимената театарска претстава на Скот Мекферсон. За својата улога, Китон ја освоила наградата „Оскар“.Марвинова соба (пристапено на 24.2.2024)

Содржина Филмот прикажува дисфункционално семејство, чии членови повторно се зближуваат по повод една тешка болест. Ли и Беси се сестри кои живеат во различни држави и не разговараат веќе 20 години, откако татко им доживеал мозочен удар. За тоа време, Беси ги негува болниот татко и сенилната тетка Рут. Но, кога Беси се разболува од леукемија, таа мора по секоја цена да ги пронајде Ли и нејзиниот син за да донираат коскена срцевина. За време на престојот кај сестра си, Ли и нејзиниот син хенк се зближуваат со Беси...Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 22. .„Собата на Марвин“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 22.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Мерил Стрип Категорија:Филмови за дисфункционални семејства Категорија:Филмови за болести Категорија:Филмови со Роберт де Ниро Категорија:Филмови со Дајан Китон Категорија:Филмови со Леонардо Ди Каприо Категорија:Филмови од 1996 година Категорија:Филмови на Џери Закс