Висока мода (француски: Pret-a-Porte) — американски филм од 1994 година, во режија на Роберт Алтман, кој е автор и на сценариото, заедно со Барбара Шулгасер. Главните улоги ги толкуваат: Марчело Мастројани, Софија Лорен, Џулија Робертс, Ким Бејсингер, Тим Робинс, Руперт Еверет, Жан-Пјер Касел, Кјара Мастројани, Анук Еме, Роси де Палма, Форест Витекер, Трејси Алман, Линда Хант. Исто така, во филмот се појавуваат и Хари Белафонте, Шер и многу познати лица од светот на модата. Филмот, кој во САД се прикажувал со насловот „Готово за носење“ (Ready to Wear), бил номиниран за наградата „Златен глобус“ во две категории.IMDb, Ready to Wear (1994), Awards (пристапено на 26.6.2018)
Содржина Дејството на филмот се одвива во Париз, за време на една од двете годишни модни ревии, на која се собира целата елита од светот на модата: модни творци, манекенки, новинари, менаџери. Модната ревија се пренесува во живо, а неуморната новинарка Кити Потер (ја игра Бејсингер) секогаш е во центарот на настаните. Пред да почне ревијата, наеднаш умира претседателот на Здружението на модните творци, Оливие де ла Фонтен (го игра Касел), а полицијата мисли дека тој е убиен. И додека неговата вдовица Изабел (ја игра Лорен) тагува по него, кришум, на модната ревија се појавува Серџо, т.е. Сергеј (го игра Марчело Мастројани), нејзиниот прв маж, кој побегнал во СССР и целиот живот го поминал таму. Истовремено, двајца модни новинари (ги играат Робинс и Робертс) остануваат без својот багаж и мора да ја пропуштат модната ревија, а времето го поминуваат затворени во хотелската соба. Во меѓувреме, познатиот моден творец Симон Ловентал (ја игра Еме) дознава дека нејзиниот син (го игра Еверет) ја продал семејната фирма на некој богат стопанственик од Тексас, така што таа е принудена да дизајнира каубојски чизми. Додека трае ревијата се случуваат бројни сплетки, љубовни афери, озборувања, итн. На крајот се утврдува дека Оливие де ла Фонтен не бил убиен, туку умрел случајно, на двајцата новинари им пристигнува багажот така што можат да ја напуштат хотелската соба, а модната ревија завршува така што Симон Ловентал ги испраќа своите манекенки сосема голи да шетаат по модната писта.„Висока мода“, Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 22.„Висока мода“, Антена, број 882, 22.5.2015, стр. 22.IMDb, Ready to Wear (1994) (пристапено на 26.6.2018)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1994 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови со Тим Робинс Категорија:Филмови со Марчело Мастројани Категорија:Филмови со Софија Лорен Категорија:Филмови со Џулија Робертс Категорија:Филмови на Роберт Алтман Категорија:Филмови со Ким Бејсингер Категорија:Филмови со Руперт Еверет Категорија:Филмови со Жан-Пјер Касел Категорија:Филмови со Анук Еме Категорија:Филмови со Форест Витекер Категорија:Филмови со Линда Хант Категорија:Филмови со Трејси Алман Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Американски сатирични филмови