Масакр кај Долгаец — колеж извршен од страна на бугарската војска и арнаутски качаци врз 315 селани од прилепското село Долгаец во 1915 година. И ден денес во трпезаријата на црквата „Св. Илија“ во Долгаец стои документ со имиња на сите селани кои биле заклани од страна на Бугарите и затрупани во јама.Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). „Битољско-прилепска котлина“. Српска академија наука и уметности. стр. 378-379.

Историја мини|лево|Статија во весникот Политика (од 23 јуни 1929), кој известува за поменот кој се одржал на гробовите на убиените селани. По самиот почеток на Првата светска војна, Бугарија ја окупирала Македонија. Целта на Бугарија била да формира чисти Бугарски територии преку асимилација и денационализација на Македонците. Тие што не се согласиле со политиките на Бугарија и не сакале да се декларираат како Бугари биле угнетувани, мачени и убивани. Во 1915 година една група,од 10-тина вооружени бугарски војници подпомогнати од Арнаути од соседното село Црнилиште влегле во селото. Селаните не ја знаеле нивната намера и прв истапил селскиот поп. Него веднаш без објаснување го заклале и потоа со невидена бруталност прво ги ограбиле селаните барајќи им злато па почнале да ги убиваат и колат сите, не гледајќи дали се жени и деца. Со овој масакр населението било преполовено. Мнозинството од жртвите биле закопани во масовна гробница на местото викано „Брест“ на влезот од селото од левата страна на патот, каде сто се наоѓале старите гробишта, кои сега се обраснати со грмушки и висока трева. На местото каде се закопани жртвите бил подигнат споменик од бел мермер со посвета „кога би биле Волци би избегале, кога би биле Турци би се сожалиле, но тоа биле проклетите Бугари", но по повторното доаѓање на Бугарите во Втората светска војна, споменикот бил срамнет со земја. Во педесеттите години на 20 век, кога Јован Трифоноски го истражувал селото, тогаш сѐ уште постоела крушата на местото каде со денови виселе обесените жени и деца. Денес остатоците од споменикот се чуваат соѕидани во некои селски градби.

По Првата светска војна, на 31 октомври 1919 година, командата на Битолскиот дивизиски округ ја известила командата на Третиот армиски округ дека комитаџискиот војвода Милан Ѓурлуков и неговиот одред учествувале во познатиот масакр во Прилепскиот округ во 1915 година, во кој загинале околу 500 жители.Миноски, Михајло. Петар Ацев. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филозофски факултет, 2016, с. 153.

Масовните убиства во Прилепско, вклучително и во селото Долгаец, се поврзани со дејствијата на вооружени групи предводени од војводата Милан Ѓурлуков, во чија група учествувал и Даме Попов со својата група. Овие формации се дел од таканаречените „партизански групи под команда на искусни војводи“, организирани во рамките на структурата на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и дејствуваат како претходник на бугарските воени единици. Групата на Ѓурлуков напредувала во Бабунскиот регион пред бугарската војска да влезе во Прилеп, а во тоа време, според изворите, во погодените села биле извршени масовни убиства на цивили.Миноски, Михајло. ''Петар Ацев''. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филозофски факултет, 2016, с. 146

Според сведоштвото на Александар Мартулков, кон бугарската армија биле присоединети и партизански одреди обучени за „умиротворување“ на населението, познати како „умирителни команди“, предводени од т.н. „опитни војводи“. Овие единици настапувале пред редовните војски со цел прочистување на регионите со „србоманско“ население во Македонија и задушување на востанатото српско население во окупираните делови на Србија. Значителен дел од овие формации се наоѓале под команда на полковник Панов, кој од Фердинанд добил овластувања како „генерален полномошник“ и „карт бланш“ за дејствување.Миноски, Михајло. Ѓорче Петров. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филозофски факултет, 2014, с. 205.

Мартулков наведува дека жестоките масовни насилства предизвикале негодување дури и кај дел од бугарското воено раководство. Командантот на бугарските сили на фронтот во планината Бабуна, генерал Танев, го повикал полковник Панов да даде објаснување, но тој арогантно изјавил дека одговара единствено пред цар Фердинанд. И покрај тоа, генерал Танев не побарал одговорност од војводите на одредите, кои биле директни извршители на насилствата врз цивилното население.

Понатаму се посочува дека Панов бил повикан во Софија од страна на Фердинанд, кој му доверил други „специјални“ задачи, по што наскоро ја напуштил Бугарија. Според истото сведоштво, тој успеал да ја реализира мисијата поврзана со активностите на „умирителните команди“ во Македонија.

Мартулков исто така сведочи дека овие единици извршувале исклучително сурови масовни убиства во повеќе региони на Македонија, вклучувајќи ги Велешко, Прилепско и Поречието, каде „посеале страшен ужас“. Тој лично изразува длабока потресеност од настаните, нарекувајќи ги „таа страшна дејствителност“

Во друго свое сведоштво, Мартулков наведува дека Панов бил од ерменско потекло и персиски поданик, опишувајќи го како „меѓународен авантурист и шпион“. Според него, Панов се населил во Бугарија уште пред војната, воспоставил блиски врски со дворските кругови и за кратко време станал близок до цар Фердинанд. Мартулков дополнително истакнува дека Панов поседувал одредени способности што му овозможиле напредување како офицер во бугарската армија, а подоцна и позиција како предавач во воено училиште.Миноски, Михајло. Ѓорче Петров. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филозофски факултет, 2014, с. 212.

Список на убиени № по редИме и презимеВозрастМесто на живеење1Свештеник Трајко Поп Мирчевиќ70Долгаец2Неда Петровиќ45Долгаец3Гајта Тодевиќ35Долгаец4Пројка Јовановиќ23Долгаец5Грозда Петровиќ18Долгаец6Ристана Петар П. Трајковиќ12Долгаец7Никола Петар П. Трајковиќ1Долгаец8Мирче Тоде П. Трајковиќ2Долгаец9Спирко Божиновиќ80Долгаец10Петкана Спирковиќ50Долгаец

Наводи

Долгаец Д Категорија:Долгаец