Александар Костоски (роден на во Скопје) — македонски кошаркар, поранешен член на македонската машка репрезентација и моментален играч на Пелистер.

Клупска кариера Младинска кариера Костоски бил член на младинските екипи на Работнички до 2004 година. Потоа, за сезоната 2004/05, Костоски бил примен, во младинците до 20 години, во францускиот клуб По Ортез. Следната сезона тој бил префрлен во младинците до 21 година на По Ортез.

Во сезоната 2007/08, паралелно со сениорите на Гравелине, Александар Костоски играл и за младинците до 21 година на тој клуб.

Сениорска кариера За сезоната 2003/04, Костоски бил вклучен во составот на Фершпед Работнички, клуб со кој станал првак во Првенството и Државниот куп.

За сезоната 2006/07, Костоски се вратил во Фершпед Работнички, со кој станал вицепрвак во Првенството. Сезоната 2007/08 ја поминал повторно во Франција, овојпат во Гравелине, каде одиграл неколку натпревари во француската лига, вклучувајќи го и ФИБА ЕвроКупот. За сезоната 2008/09, Костоски повторно се вратил во Македонија и потпишал за Вардар. Таму не останал долго и во февруари 2009 година, Костоски го напуштил Вардар и се преселил во романски Брашов.

Во јули 2013 година, Александар потпишал двегодишен договор со МЗТ Аеродром. Во сезоната 2013/14, во тимот на МЗТ Аеродром, Костоски одиграл 14 натпревари во Јадранската АБА лига, каде имал просек од 5,1 бода, 1,7 скока и 2,5 асистенции. Во Еврокупот, на 10 натпревари, тој имал просек од 7,8 бода, 1,1 скока и 2,5 асистенции, а во македонското првенство одиграл 15 натпревари на кои имал просек од 3,5 бода, 1,3 скока и 1,6 асистенции. По една сезона помината во МЗТ Аеродром, Александар Костоски како позајмен играч се вратил во КК Куманово, каде претходно играл од 2011 до 2013 година.„Костоски се врати во Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22. Со Куманово во 2015 година, станал вицепрвак во Првенството каде во финалето загубиле од МЗТ Аеродром.МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула! ekipa.mk 2 јуни 2015„Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015 Следната сезона тој повторно бил вицепрвак со Куманово, повторно губејќи од МЗТ во финалето. За сезоната 2016/17, Костоски ја продолжил соработката со Куманово 2009.Костоски: Одам по трета среќа sportmedia.mk 1 септември 2016Костоски и Караџовски уште една година во Куманово ekipa.mk 1 септември 2016 Во декември 2016 година, Костоски потпишал за романски Питешт. Во јуни 2017 година, тој потпишал нов едногодишен договор со Питешт. За сезоната 2018/19, Костоски се вратил во Македонија и се преселил во редовите на Гостивар. Костоски и Гостивар, во јули 2019 година, се договориле за уште една сезона. За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој потпишал двогодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.

Репрезентативна карирера Во квалификациите за Европското првенство 2015, Костоски постигнал 53 бода на шест натпревари, т.е. 8,8 по натпревар. За време на завршниот турнир во групната фаза во Загреб - Хрватска, тој остварил најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 49 бода на пет натпревари (9,8 по натпревар).Accumulated Stats eurobasket2015.org

Во февруари 2019 година, Костоски ја обзнал јавноста дека се повлекува од македонската репрезентација. Успеси

Титули Работнички Прва македонска лига (1) : 2003/04 Куп на Македонија (1) : 2004

МЗТ Аеродром Прва македонска лига (1) : 2013/14 Куп на Македонија (1) : 2014

Признанија Најдобар млад кошаркар за 2006 година Најмногу подобрен играч на сезоната 2006/07 Најдобар млад кошаркар за 2008 година Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2013МЗТ Скопје го освои шестиот трофеј во Купот на Македонија basketball.org.mk 31 март 2013 Eurobasket.com - Бек на сезоната 2014/15 Eurobasket.com - Прва најдобра петорка на сезоната 2014/15 Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2014/15 Прва најдобра петорка на сезоната 2015/16 Најдобра домашна петорка на сезоната 2015/16 Најдобар домашен кошаркар за 2016 година Втора најдобра петорка на сезоната 2018/19 Најдобра домашна петорка на сезоната 2018/19 Почесно споменување во сезоната 2019/20

Надворешни врски Александар Костоски на eurobasket.com

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје Категорија:Кошаркари на КК Пелистер