Тони Ромингер (; р. во , Данска) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедист, кој освоил три последователни изданија на Вуелта а Еспања од 1992 до 1994 година и едно издание на Џиро д’Италија во 1995 година.
Доцна започнал со велосипедизам, наводно попречен од конкуренцијата со неговите браќа. Јаки страни на Ромингер биле хронометрите, искачувањето и заздравувањето.
Му бил соперник на Мигел Индураин на Тур де Франс, завршувајќи втор во 1993 година и освојувајќи ја точкестата маичка. Трите негови победи на Вуелта претставуваат рекорд. Во 2005 година, Роберто Ерас го срушил тој рекорд, но два месеци подоцна се покажал позитивен на тестирање на ЕПО и бил дисквалификуван.
Во 1994 година, Ромингер го срушил светскиот часовен рекорд на двапати во неколку дена. Го користел велодромот во Бордо за да извози 53,832 км, а потоа и 55,291 км, иако на нова патека.
Се повлекол во 1997 година, откако ја скршил клучната коска на тогашниот Тур де Франс.
Достигнувања
Првак во Светскиот друмски куп (1994) Трка околу Баскија (1992, 1993, 1994) Џиро ди Ломбардија (1989, 1992) Тур де Романди (1991, 1995) Тирено-Адријатико (1989, 1990) Париз-Ница (1991, 1994) Гран при де насионс (1991 (изданието се сметало како Трофео Бараки), 1994) Субида а Уркиола (1993) ГП Еди Меркс (1994) Џиро дел’Емилија (1988) Сетмана Каталана де Сиклисме (1993) Часовен рекорд: 22 октомври 1994, 53,832 км Часовен рекорд: 5 ноември 1994, 55,291 км
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (златна маичка): 20п 1992, 20п 1993, 20п 1994; 3. 1996 Планински пласман: 1993, 1996 Бодовен пласман: 1993 13 етапи: 1992 (2 етапи); 1993 (3 етапи); 1994 (6 етапи); 1996 (2 етапи)
Џиро д’Италија
Генерален пласман: 20п 1995 Бодовен пласман: 20п 1995 Интерџиро пласман: 20п 1995 5 етапи: 1988 (етапа); 1995 (4 етапи)
Тур де Франс
Планински пласман: 20п 1993; 2. 1993 3 етапи: 1993 (3 етапи)
Распоред на резултатите на Гранд Тур
Гранд Тур19861987198819891990199119921993199419951996199720п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро97СО44СО—————1——20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——68—57——2СО810СО20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта————16—111—338
СО = се откажал
Награди
Златен велосипед 1994 Швајцарски спортист на годината 1989, 1992, 1993, 1994
Наводи
Надворешни врски
Достигнувања
Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Швајцарски велосипедисти Категорија:Швајцарски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Победници на Џиро д’Италија Категорија:Победници на Вуелта а Еспања Категорија:Швајцарски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 1996 Категорија:Олимписки велосипедисти на Швајцарија Категорија:Швајцарски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Луѓе од Вајле