„Бајки“ е книга со приказни од Ханс Кристијан Андерсен, издадена од „Македонска книга” и „Детска радост“, во 1967 година”, како прва книга од серијата „Одбрана лектира за 1 и 2 одделение“. Преводот го извршил Борис Благоески.
Технички одлики Книгата има 63 страници и не е каталогизирана. Таа е испечатена во тираж од 10 000 примероци, во печатницата „Нова Македонија“. Корицата е дело на Младен Туниќ.Ханс Кристијан Андерсен, Бајки, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1967, стр. 2. Содржина мини|Х. К. Андерсен, „Бајки“, Македонска книга и Детска радост, 1967. Во книгата се содржани осум приказни на Х.К. Андерсен:Ханс Кристијан Андерсен, Бајки, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1967. Палешка Јовче будалчето Царевата нова облека Принцезата на едно зрно грашок Навистина е така Огнилото Грдото шатче Славејот
Занимливости Покрај сказните, книгата содржи и куса биографија на Х. К. Андерсен, со наслов „Белешка за писателот“ која не е потпишана. Покрај другото, во неа пишува: „Андерсен во данската и во светската литература останува познат по своите сказни. За него Шекспир вели: Андерсен е оној чуден Данец, којшто е направен од она од што се направени и соништата“.Ханс Кристијан Андерсен, Бајки, Македонска книга и Детска радост, Скопје, 1967, стр. 61. Меѓутоа, авторот на оваа белешка изумил дека Шекспир (кој умрел во 1616 година) никако не можел да даде изјава за Андерсен, кој е роден во 1805 година, т.е. два века подоцна!
Наводи
Категорија:Сказни на Ханс Кристијан Андерсен Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Книги од 1967 година