Византија или Источно Римско Царство (, Василеја Ромеон; ), или Романија () — научноисториски назив (по крајот на државата) за Римската Империја во периодот на доцната антика и средниот век, каде претежно се говорело на грчки јазик. Главниот град на империјата бил Нов Рим/Константинопол (денешен Истанбул), првично основан како Византион. По административната (обновена) поделба со источен и западен владетел на чело на Империјата, источниот дел го преживеал престанокот на западниот двор и неговите западни провинции во V век и продолжил да постои уште илјада години, сè до падот во рацете на отоманските Турци во 1453 година под водство на Мехмед Освојувачот. За време на нејзиното средновековно постоење, Римската Империја била една од најмоќните економски, културни и воени сили во Европа.
Во 285 година, царот Диоклецијан (владеел 284–305) го поделил управувањето на Римското Царство на источен и западен дел. Помеѓу 324 и 330, Константин Велики (владеел 306–337) го пренел главниот град од Рим во Византион, подоцна познат како Константинопол („Градот на Константин“) и Нова Рома („Нов Рим"). За време на владеењето на Теодосиј I (владеел 379–395), христијанството станало официјална државна религија на империјата и другите религии како римскиот политеизам биле прогонети. И конечно, за време на владеењето на Ираклиј (владеел 610–641), војската и управата на империјата биле реконструирани и грчкиот јазик бил прифатен за официјална употреба, на местото на латинскиот. Така што иако тоа го продолжило Римското Царство и ги одржало римските државни традиции, денешните историчари го одвојуваат Византион од Стариот Рим пред сè поради настроеноста кон грчката култура, а не кон латинската и воедно бил окарактеризиран од православното христијанство наместо од римскиот политеизам.
Границите на империјата значително се менувале во текот на нејзиното постоење, минувајќи низ неколку циклуси на опаѓање и закрепнување. За време на владеењето на Јустинијан I (владеел 527–565), империјата го достигнала најголемото територијално проширување по повторното заземање на историското западно римско средоземно крајбрежје, вклучувајќи ја Северна Африка, Италија и самиот Рим, кој бил задржан уште два века. За време на владеењето на Маврикиј (владеел 582–602), источната граница на империјата била проширена и северната се стабилизирала. Сепак, атентатот врз него ја предизвикал Византиско-персиската војна (602-628), која ги исцрпела ресурсите на империјата и резултирала со големи територијални загуби за време на муслиманските освојувања од VI век. Само за неколку години империјата ги загубила своите најбогати провинции, Египет и Сирија, сè до Арапскиот Полуостров.
За време на Македонската династија (X и XI век), империјата повторно се проширила и ја доживеала двовековната Македонска ренесанса, која завршила со загубата на поголемиот дел од Мала Азија по поразот од Селџуците во Битката кај Манцикерт во 1071 година. Оваа битка им го отворила патот на Турците за да се населат во Анадолија како нивна татковина.
Последните векови на империјата биле проследени со општ правец на опаѓање. Империјата се обидувала да закрепне во текот на XII век, но таа го примила својот смртен удар за време на Четвртата крстоносна војна, кога Цариград бил опустошен и империјата се распаднала и поделила на конкурентни византиски грчки и латински царства. И покрај евентуалното обновување на Цариград и повторното воспоставување на империјата во 1261 година, Византион останал само еден од неколкуте мали конкурентни држави во областа последните два века од своето постоење. Неговите преостанати територии биле последователно придружени од Османлиите во XV век. Падот на Цариград во рацете на Османлиското царство во 1453 значело крај за Византија.
Номенклатура
Првата употреба на терминот „Византија“ за означување на подоцнежните години на Римското Царство била во 1557 година, кога германскиот историчар Ероним Волф го објавил своето дело Corpus Historiæ Byzantinæ, збирка историски извори. Терминот потекнува од зборот „Византион“, името на градот Цариград пред да стане престолнина на Константин. Ова постаро име на градот ретко ќе биде користено освен во историски или поетски контекст. Објавувањето на Byzantine du Louvre (Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae) во 1648 година и Historia Byzantina на Шарл Дуканж во 1680 година дополнително ја популаризирало употребата на „Византија“ кај француските автори, како што е МонтескјеFox, What, If Anything, Is a Byzantine?; Сепак, дури на средината од XIX век терминот почнал да се користи на Западот. Што се однесува конкретно на англиската историографија, зборот „Византија“ за првпат се среќава во делото „Историја на Византија од 716 до 1057“ од 1857 година на Џорџ Финлеј..
Византија на своите жители им била позната како „Римско Царство“, „Империја на Римјаните“ (латински: Imperium Romanum, Imperium Romanorum; грчки: Basileia tōn Rhōmaiōn, Archē tōn Rhōmaiōn), „Романија“ (латински: Romania; грчки: Rhōmania), „Римска Република“ (латински: Res Publica Romana; грчки: Politeia tōn Rhōmaiōn), „Грајкија“ (грчки: Γραικία), а исто така и како Рома (грчки: ).; Theodore the Studite, Epistulae, 145, line 19 ("ἡ ταπεινὴ Γραικία"), and 458, line 28 ("ἐν Ἀρμενίᾳ καὶ Γραικίᾳ"). Жителите се нарекувале Ромејци и Грајкијци, дури и во XIX век Грците го нарекувале својот современ јазик Ромаика и Грајкика.
Иако Византија имала мултиетнички карактер во текот на нејзината историја; . и ги сочувала римско-хеленистичките традиции,. нејзините западни и северни современици ја препознавале по значително доминантните грчки елементи.; ; ; ; ; ; ; . Повремената употреба на терминот „Империја на Грците“ (латински: Imperium Graecorum) на Западот за да се посочи на Источното Римско Царство и на византискиот цар како Imperator Graecorum (Император на Грците); Annales Fuldenses, 389: "Mense lanuario circa epiphaniam Basilii, Graecorum imperatoris, legati cum muneribus et epistolis ad Hludowicum regem Radasbonam venerunt ...". бил исто така бил користен за да се оддели од Римското Царство во рамките на новите царства на Западот.: "The Frankish court no longer regarded the Byzantine Empire as holding valid claims of universality; instead it was now termed the 'Empire of the Greeks'."
Власта на византискиот цар како легитимен римски цар била оспорена од крунисувањето на Карло Велики како свет римски цар од страна на папата Лав III во 800 година. Поради неопходната поддршка на Карло Велики во борбата против неговите непријатели во Рим, Лав го искористил недостатокот на машко присуство на престолот на Римското Царство за да изјави дека бил слободен и дека можел сам да се круниса за нов владетел.. Секогаш кога папите или владетелите на Западот го користеле името Роман за да посочат на источните римски владетели, тие вообичаено го претпочитале терминот Imperator Romaniae (што значи Цар на Романија) наместо Imperator Romanorum (што значи Цар на Римјаните), наслов кој тие го применувале само за Карло Велики и неговите наследници.
Не постоела таква разлика во исламскиот и словенскиот свет, каде империјата вистински се гледала како продолжение на Римското Царство. Во исламскиот свет, Римското Царство првенствено се знаела како Рум.; Името Рум-милет или „Римска нација“ било користено од Отоманците во текот на XX век за да се посочи на поранешните делови од Византија, а тоа е православната христијанска заедница во рамките на Отоманското Царство.
Историја
Рана историја
Римската војска успешно освоила многу територии кои го опфаќале целото Средоземје и крајбрежни региони во Југозападна Европа и Северна Африка. Овие територии биле дом на многу различни културни групи, на урбано и рурално население. Општо кажано, источните средоземни провинции биле поурбанизирани за разлика од западните, претходно обединети под Македонската Империја и хеленизирани од влијанието на грчката култура.; .
Исто така Западот повеќе страдал од нестабилноста на третиот век. Оваа разлика помеѓу воспоставениот хеленизиран Исток и помладиот латинизиран Запад опстојала и станала многу значителна во наредните векови, водејќи до постепено оддалечување на двата света.
Поделба на Римското Царство
За да се одржи контрола и подобри управата, разни шеми за поделба на работата на римскиот цар преку поделба на единки биле испробани помеѓу 285 и 324, од 337 до 350, од 364 до 392 и повторно помеѓу 395 и 480. Иако административната поделба се разликувала, генерално била вклучена поделбата на трудот помеѓу Истокот и Западот. Секој дел бил форма на споделување на моќ, додека крајниот империум не бил делив и затоа империјата останала легално една држава иако совладетелите често се гледале меѓу себе како соперници или противници.
Во 293, царот Диоклецијан создал нов управувачки систем (тетрархија), за да ја загарантира безбедноста во сите загрозени региони на неговата империја. Тој се поврзал со негов совладетел (Август) и секој совладетел тогаш посвоил млад соработник со доделена титула Цезар, за да бидат дел од владеењето и евентуално да го наследат својот постар партнер. Тетрархијата се распаднала, сепак, во 313 година и неколку години подоцна Константин I повторно ги соединил двете управувачки дивизии на империјата како единствен Август.; .
Преместување на седиштето Во 330 година, Константин го преместил седиштето на империјата во Цариград, кој тој го основал како втор Рим на местото на Византион, град стратешки сместен на трговските патишта помеѓу Европа и Азија и помеѓу Средоземјето и Црното Море. Константин извршил големи промени во војската, монетарниот систем, граѓанските и верските институции. Што се однесува до неговата економска политика, тој бил обвинет од страна на одредени научници за „несвесна даночна политика“, но златните солиди кои ги вовел станале стабилна валута кои ја трансформирале економијата и промовирале развој.; ; ;
Под водство на Константин, христијанството не станало ексклузивна религија на државата, но било претпочитано од империјата, бидејќи царот го поддржувал со великодушни привилегии. Константин го поставил принципот дека владетелите не смееле сами да постават верски прашања, но наместо тоа требало да се свикаат основните црковни совети за таа цел. Неговото свикување на Арлскиот синод и првиот вселенски собор ги посочило неговите интереси за обединување на црквата, демонстрирајќи го неговото тврдење дека е нејзина глава.; ; .
Bo 395 година, Теодосиј I ја препуштил царската власт на неговите синови: Аркадиј на Истокот и Хонориј на Западот, распределувајќи ја царската управа. Во V век источниот дел на империјата бил во голема мера поштеден од потешкотиите со кои се соочувал западниот, делумно поради новоспоставената урбана култура и финансиски ресурси, кои овозможиле да се смират напаѓачите со данок и да се платат странските платеници. Овој успех му овозможил на Теодосиј II да се фокусира на кодификацијата на римскиот закон и понатамошна фортификација на ѕидините на Цариград, кои го направиле градот отпорен на повеќето напади сè до 1204 година..
За да ги одбие Хуните, Теодосиј требал да му плати огромен надоместок на Атила. Неговиот наследник, Маркијан, одбил да продолжи со плаќањето на данок, но Атила веќе го пренасочил своето внимание кон Западот. По неговата смрт во 453, Хунската Империја се распаднала и многу од преостанатите Хуни биле најмувани како платеници во Цариград.; ; .
Губење на Западното Римско Царство По падот на Атила, Источната Империја поминала низ мирен период, додека Западната Империја се влошила поради непрекината миграција и проширување на германските нации (крајот најчесто се сместува во 476 година кога германскиот римски генерал Одоакар го соборил титуларниот западен цар Ромул Августул.). Во 480 царот Зенон ја укинал поделбата на империјата и се направил единствен владетел. Одоакар, сега владетел на Италија, бил номинално подреден под Зенон, но дејствувал со целосна автономност, обезбедувајќи поддршка за бунтот против царот.