Џули Биндел (родена 20 јули 1962) е англиска писателка, феминистка и ко-основачка на групата Правда за Жените, која се противи на насилството врз жените од феминистичка гледна точка.

Силување За време на нејзиниот придонес за Гардијан таа почна да пишува повеќе за силувањето. Таа е критична за тоа како животот е направен тежок за жените кои пријавиле силување, како истражните и судски процеси ги третираат жените повеќе како криминали отколку жртви во средина каде што се чини дека некои веруваат дека е поважно да се заштитат правата на силувачите отколку на жените кои се жртви. Биндел ги објасни тешкотиите на пријавување и донесување праведна пресуда во врска со силувањето, велејќи дека таа не би го пријавила “ние дури можеме да заборавиме на системот на кривичната правда и да тренираме групи на одмаздници да изнудуваат одмазда и, се надевам, да ги одвратат нападите. Затоа што додека јас би била силувана, јас попрво би ја пробала мојата среќа како обвинета во судот, отколку како подносителот на жалбата во систем кој се чини има за цел докажување дека силувањето е производ на имагинацијата на малициозни жени". Нејзиното пишување за силувањето се појави во весниците на Блискиот Исток и Индија, и нејзините ставови се пријавени од страна на БиБиСи.

Секс-трговија со луѓе и секс туризам Во 2008 Биндел ко-напиша извештај за британските бордели, наречен Биг Бордел (игра на зборови во врска со насловот на ТВ програмата Биг Брадер). Студијата на 900 бордели покажа дека со доплата незаштитен анален секс и друга незаштитена пенетрација беше на располагање. Голем број од борделите вклучувале "многу млади девојки", и голем број од жените биле од Источна Европа и Југоисточна Азија. Биндел пишува за наодите, опишува искуства, како и оние на една млада жена која морала да има секс со дваесет мажи дневно.

Транссексуализам Прв објавен напис на Биндел за транссексуализмот беше во декември 2003; тоа беше првиот пример за наративот на "транссексуално каење" во медиумите на Велика Британија. Биндел интервјуирала "пост-оперативен транссексуалец, кој изрази жалење за неговата одлука да има операција и се чинеше дека психијатарите вклучени не се грижеле доволно со постигнувањето на дијагнозата. Биндел го изразува сомнежот за медицинскиот пристап кон транссексуализмот.

Еден месец подоцна статијата Gender Benders, beware беше отпечатена во Гардијан во врска со нејзиниот гнев за спорот во центар за помош за силуваните поради транссексуалец “советник“; во написот, исто така, ги изрази своите ставови за транссексуалците и транссексуализмот велејќи: "Јас немам проблем со мажите кои ги отстрануваат своите гениталии, но тоа не ги прави жени, на истиот начин на кој туркањето на вакуум црево во фармерките не прави некој маж."

Биндел тврди дека "луѓето треба да се сомневаат на основата на дијагнозата од машки психијатри, во време кога родовите норми и хомофобијата работат рака под рака... Иран ги спроведува највисокиот број на транссексуални операции во светот... операцијата е обид да се задржат за половите стереотипи... идејата дека одредени различни однесувања се соодветни за мажите и жените е во основата на феминистичката критика на феноменот "транссексуализам".

Наводи

Надворешни врски Justice for Women (Official site) Column archive at The Guardian

Категорија:Феминистки Категорија:Англиски новинари Категорија:Родени во 1962 година