Слободан Унковски (Скопје, 17 август 1948) — македонски театарски режисер, универзитетски професор и политичар.

Режисерска кариера Завршил Театарска академија во Белград, Отсек за режија (1971). Во Драмскиот театар во Скопје работел како драматург и режисер од 1971 г. Од 1990 г. станал редовен професор на Факултет за драмски уметности во Скопје, каде што води класа за театарска режија. Предавал на Отсекот за драма на постдипломските студии по режија на Бруклинскиот колеџ (1987–1988) и на постидпломските студии по режија и актерска игра на Институтот на напредна театарска обука на Харвардскиот универзитет (1988–1989), САД.

Има неколку значајни телевизиски режии: „Сослушување на железничарот“; „Подарок“; „Наши години“; „Бушава азбука“ и др.

Унковски бил режисер на голем број претстави во Македонија и во странство. На 24 септември 2014 година, неговата поставка на драмата „Три сестри“ од Чехов, а во реализација на Градскиот театар „Гавела“ од Загреб, била прикажана во Скопје, во склоп на фестивалот „Млад отворен театар“.„Три сестри на Унковски предизвика огромно внимание“, Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 18.

Награди Унковски ги има освоено следниве позначајни награди и признанија: Награда 13-ти ноември (1975) Награда од „Трибина младих" за млад театарски работник/Стериино позорје (1975) Награда 11-октомври (1979) Златен венец за режија на претставата „Ослободување на Скопје" (1979) Стериина награда за Диво месо (1980) Награда за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински" за "Среќна нова '49" (1985) Стериина награда за режија на претставата „Кула вавилонска" (1990) Награда за претставата "Чернодрински се враќа дома" на МТФ „Војдан Чернодрински" (1992) Награда за претставата "Демонот од Дебар маало" на Скупи-фест (2007) Награда за најдобра претставата „Три сестри" во Хрватска (2014) Награда за претставата „Солун - град на духови" во Сараево (2016) Орден за заслуги за Македонија (2024)

Политичка кариера Унковски бил министер за култура во Владата на Република Македонија од 1996 до 1998 во владата на Бранко Црвенковски.

Наводи

Категорија:Македонски драмски режисери Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Носители на Орденот за заслуги за Македонија