Федерална Република Средна Америка (шпански: República Federal de Centroamérica / Centro América), позната и како Обединето Покраини на Средна Америка (Provincias Unidas del Centro de América) во почетокот на нејзиното опстојување, — поранешна независна држава во Средна Америка. Републиката ги заземала териториите на поранешната Генералната капетанија Гватемала на Нова Шпанија. Државата постоела од септември 1821 до 1841 година.
Знамето на државата било претставено од Луи-Мишел Ори, и истото било инспирирано од знамето на Аргентина. Државата ги опфаќала териториите на денешните Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва и Костарика. Во тогашно време, Панама била дел од Голема Колумбија, а Белиз била британска колонија. Во 1830-те години на федерацијата се приклучила шестата држава - Лос Алтос, со главен град Кецалтенанго. Денес териториите на државата Лос Алтос се во западна Гватемала и источните делови на мексиканската држава Чијапас. По распадот, Лос Алтос била поделена меѓу Гватемала и Мексико.
Членство Државата била составена од:
+ Членови во 1839 Гватемала Ел Салвадор Хондурас Никарагва Костарика Лос Алтос
Поврзано Голема Република Средна Америка Голема Колумбија Средна Америка
Надворешни врски Устави на Федерацијата Средна Америка- историски сојузи Карта на Федерацијата
Категорија:Историја на Средна Америка Категорија:Историја на Никарагва Категорија:Историја на Гватемала Категорија:Историја на Ел Салвадор Категорија:Историја на Хондурас Категорија:Историја на Костарика Категорија:Поранешни држави во Средна Америка