Лутербек () — општина во округот Плен, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Местоположба Лутербек се наоѓа на 15 км североисточно од Кил и на околу 3 км до Балтичкото Море. Се протега на површина од 3.23 км2 и според пописот во 2018, во него живеат 356 жители.

Историја лево|мини|173x173пкс|Лутербек Името на местото Лутербек за првпат се појавило во 1240 година во документ за манастирот Претц во Лутербек. Тоа било мало село со пет дворови и четири колиби, кои припаѓале му на манастирот.

Малку се знае за раната популација на Источен Холштајн. Повеќето од топонимите на местата во Источен Холштајн укажуваат на словенски населби, како местото Претц или реката Швентине која се сметала за света река.

Пишаните записи од минатото се ретки и се појавуваат дури на крајот на 11 век. На почетокот на 12 век, Вендите сè повеќе биле изложени на нападот на германските војски. Во Битката кај План во 1138-39 година, отпорот на Вендите бил скршен и Остхолштајн бил заземен од Германите под водство на Адбург Втори фон Холштајн.

Наводи

Категорија:Плен (округ)