Стив Манданда (роден на 28 март 1985) — француски поранешен фудбалер, голман.

Клупска кариера Ле Авр Манданда ја започнал својата кариера во екипата на Ле Авр за кој го направил своето деби во лигата во август 2005 година, и не примил гол сè до својот четврти натпревар. Тој одиграл 30 натпревари во сезоната 2005-06 и 37 во сезоната 2006-07, а со своите настапи го привлекол вниманието на други клубови. По неуспешниот пробен период во Астон Вила пред сезоната 2007-08 сезона, тој му се приклучил на Марсеј во летото 2007 година.

Олимпик Марсеј На почетокот на неговата прва сезона со Марсеј, Манданда бил резерва на првиот избор Седрик Карасо. Сепак повредата на коленото ќе го извади Карасо надвор од акција за шест месеци, оставајќи го чист патот за Манданда да стане редовен чувар на голот на Марсеј. На 3 октомври 2007 година Манданда имал фантастичен настап во натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул на Енфилд помагајќи му на својот тим да победи со 1-0 благодарение на голот на Матје Валбуена.

На 5 март 2008 година, Манданда му се приклучил на Олимпик Марсеј на траен четиригодишен договор.

Во шампионската сезона 2009-10 во Лига 1 под водство на Дидје Дешан, Манданда одиграл 36 натпревари во кој на 13 успеал да ја сочува својата мрежа сува, одбранил еден пенал (против Ленс)Video:Mandanda save Demont penalty youtube и заработил еден црвен картон (прв и единствен во неговата кариера).

Репрезентативна кариера Манданда има одиграно 17 натпревари за француската репрезентација до 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 27 мај 2008 година, појавувајќи се како замена на полувремето на местото на Себастијан Фреј во победата со 2-0 над Еквадор во пријателски натпревар одигран во Гренобл.

Титули Клупски Марсеј Лига 1 (1) : 2009-2010 Лига куп на Франција (3) : 2009–10, 2010–11, 2011–12 Суперкуп на Франција (2) : 2010, 2011

Наводи

Надворешни врски Стив Манданда на soccerway Стив Манданда на Transfermarkt Стив Манданда на Goal.com Стив Манданда на espn Стив Манданда на whosocered

Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Родени во 1985 година