Лазар Еленовски (Скопје, 19 март 1971) ― амбасадор на Република Македонија во Белгија. Претходно бил претседател на Социјалдемократската унија и поранешен министер за одбрана на Република Македонија, во периодот од 26 август 2006 до 28 јули 2008 година.European Stability Initiative

Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде тој исто така бил студент на последипломски студии од областа на Економски развој и меѓународни финансии.

Во февруари 1992 година, тој станал член на СДСМ. Тој бил основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина на Македонија од 1996 до 1999 година, а потоа и нејзин претседател до 2001 година.

Основач е на НВО Млади европејци за безбедност - Македонија во 1995 година. Од март 2001 година до декември 2005 година, тој ја извршувал функцијата генерален секретар на Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија, а во декември истата година е избран за претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, членка на Атлантската асоцијација (АТА), која обединува 40 национални атлантски асоцијации од Северна Америка до Средна Азија. Со Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија спровел повеќе кампањи за промоција и поддршка на НАТО и ЕУ интегративните процеси на Македонија и за промоција на Јадранската повелба преку кампањата „Во јато кон НАТО“, спроведена во соработка со повеќе невладини организации низ земјата и локалните власти. Еден од основачите е на Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа, основал и имплементирал бројни регионални иницијативи за промоција на евро и евро-атлантската интеграција на Македонија и регионот.

На функцијата заменик генерален директор на ЈСП-Скопје, тој бил од април 2001 до мај 2005 година. Од февруари 2005 година, тој бил член на работната група на македонската Влада за формулирање на Комуникациската стратегија за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО.

По предвремените парламентарни избори во 2008 година, поради незадоволство што НСДП ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, Лазар Еленовски, Веле Митановски и Вера Рафајловска ја напуштаат НСДП и на 21 јуни 2008 година ја формираат Социјалдемократската унија.„Еленовски ја промовира Социјалдемократската унија“ За претседател на партијата е избран Еленовски. На оваа функција останува до Вториот конгрес на партијата, во јуни 2012 година,„Чедо Николовски нов претседател на СДУ“ , „Плусинфо“. по што заминува на функцијата амбасадор на Македонија во Белгија.

Покрај македонски, Еленовски зборува албански, англиски, српски и хрватски јазик. Оженет е и татко на две деца.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Министри за одбрана на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2006 Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Политичари од НСДП Категорија:Политичари од СДУ Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Економскиот факултет - Скопје