Алексо (Ало) Тончов (, - , ) — македонски музичар - чалгаџија, доајен на македонската чалгија.

Животопис Тончов е роден во Велес во маалото Којник во 1902 година. Неговиот татко Јован Тончов свирел кларинет, а претходно дајре со тајфата на Арсо Ќеманеџијата. Неговиот чичко Панче Тончов, член на ВМРО бил убиен од Јован Бабунски. Ало Тончов свирел на виолина (ќемане) и со тајфата на својот татко и за првпат засвирел на тринаесет годишна возраст. Свирел во чалгискиот оркестар на групата Распеани Велешани, на свадбите во Велес и пошироко, а имал и група со која свирел и вечерни свирки по локалите низ Велес. Заедно со групата изведувале и забавна музика на игранки, чајанки и други забави. Ало Тончов свирел до 1986 година, а починал наредната 1987 година. Како и неговиот татко, неговото посмртното испраќање до градските гробишта во Велес, било пропратено со свирењето на Велешката чалгија и омилената песна на фамилијата Тончови, дајлер, дајлер.Чалгијата го одушевила и султанот

Наводи

Надворешни врски Алексо (Ало) Тончов за Србите и Бугарите

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски чалгаџии Категорија:Македонски виолинисти