Андриј Жолдак (1962, Киев, СССР) е украински театарски режисер.
Животопис Андриј Жолдак е роден во 1962 година во Киев. Дипломирал студиите по режија на во московскиот, „Институт за филм и театар“, под менторство на прочуениот руски режисер Анатолиј Василев. Во младоста, развил голем интерес кон кинематографијата, а сособено влијание врз него извршиле Фелини, Бергман, Параџанов и Тарковски.37. Млад отворен театар – Нешто е гнило..., Скопје: Младински културен центар, 2012.
Творештво Неколку години, Жолдак работел како раководител на Државниот академски драмски театар „Тарас Шевченко“ во Харков, каде продуцирал пет претстави, кои, освен во Украина, се играле и во повеќе од триесет европски држави и учествувале на бројни престижни фестивали. Во 2005 година, Жолдак ја режирал Шекспировата пиеса „Ромео и Џулиета“, реализирана како копродукција помеѓу Берлинскиот фестивал (Berliner Festspiele), Европската агенција за култура (Agency Culture-Europe) и Академскиот драмски театар во Харков. По премиерната изведба на Берлинскиот фестивал и последователна изведба во Варшава, украинските власти го забраниле изведувањето на „Ромео и Џулиета“ во Украина, принудувајќи го Жолдак да го напушти театарот во Харков. Потоа, тој се преселил во Берлин, а работел во повеќе познати театри низ Германија, Русија, Романија, Финска, Шведска и Швајцарија. Истовремено, тој држел и предавања на постдипломските студии во повеќе земји. Исто така, благодарение на својот долгогодишен опит на театарски практичар, како и на постојаниот ангажман во областа на театарската теорија, Жолдак бил ангажиран како водител на низа теориски и оперативни театарски работилници во Велика Британија, Холандија, Шпанија, Германија, Финска, Франција, Јапонија и други земји.
Во 2002 година, претставата на Жолдак „Хамлет. Соништа“ изведена во продукција на театарот во Харков, учествувала на скопскиот МОТ и ја добила наградата од театарската критика. На 23 септември 2012 година, неговата претстава „Војцек“ (Войцек) била прикажана во Скопје, како учесник на фестивалот „Млад отворен тетар“. На 5 септември 2014 година, во МНТ била поставена претставата „Електра“, во адаптација и режија на Жолдак, како негова 41. професионална театарска режија.
Жолдак е добитник на повеќе признанија, како што се: Наградата "THALIA" за најдобра финска претстава (2010, за претставата "Ана Каренина", во изведба на градскиот театар на Турку), Награда на УНЕСКО за неговиот придонес за промоција на изведувачките уметности (2008), Признание за најдобар режисер на Меѓународниот тетарски фестивал во Сибиу, Романија, Гала награда "UNITER" за најдобра романска претстава (за претставата "Отело?!") во 2002 година, Награда од публиката на фестивалот „Златен лав“ (2002), Наградата од критиката на белградскиот БИТЕФ (за постановката на „Три сестри“, 2000), Наградата "Marek Okopinskiy" за најдобра експериментална претстава на фестивалот во Торуњ, Полска (за претставата "Галеб" на Чехов), Наградата „Златна маска“ за најдобра оперска режија и за најдобар оперски режисер во Русија (2014, за операта „Евгениј Онегин“, поставена во Санкт Петербург).
Наводи
Категорија:Театар Категорија:Украински театарски режисери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1962 година