Авганистан - земја учесничка на 13 Летните олимписки игри. Никогаш немаат учествувано на Зимските олимписки игри.
Земјата за првпат се појавува на Берлин 1936. Од тогаш има испратено свои претставници на повеќето летни игри.
Авганистан не има испратено своја екипа на Барселона 1992, и испрати само двајца натпреварувачи во Атланта 1996. На боксерот во лесна-среднотешка категорија Мухамед Џавид Аман не му било дозволено да се натпреварува, бидејќи пристигнал предоцна при задолжителното мерење и извлекување, со што единствен натпреварувач бил Абдул Басер Васики. Васики го повредил бутниот мускул пред почетокот на трката, но сепак се натпреварувал, буквално потскокнувајќи низ целиот маратон и завршил последен."Taleban hope to get ban revoked", Reuters, August 17, 2000 Во 1999 година, му било забрането да учествува на игрите поради неговиот дискриминационен однос кон жените под талибанското владеење и поради забраната на какви и да е спортски настани, поради што ги пропуштил Сиднеј 2000 година. Земјата повторно се вратила на Олимписките игри во 2002 година, по падот на талибанскиот режим,"A Run to The Future" , Time, April 11, 2004 и испрати пет натпреварувачи на Атина 2004. Меѓу учесниците имало и две жени, Робина Муким Јар и Фариба Разаји, првата жена која се натпреварувала за Авганистан на Олимписките игри."Afghan women's Olympic dream", BBC, June 22, 2004
Авганистан испрати четири натпреварувачи,"Afghan Athletes Train for Beijing Olympic ", Afghan embassy to the United States, April 29, 2008 од кои три беа мажи и една жена, Мебоба Адјар,"Afghan Woman Runs Toward Olympics Despite Jeers, Potential Danger", Associated Press, March 16, 2008 во Пекинг 2008 година. Адјар добивала закани по животот поради нејзиното учество на игрите.
Авганистан својот прв медал како земја учесничка го освоила на игрите во Пекинг 2008 година, кога Рохула Никпаи го освојува бронзениот медал во теквондо до 58 кг, и уште еден бронзен медал освоен од Никпаи на игрите во 2012 година во теквондо мажи до 68 кг.Afghanistan at the Olympics , The Telegraph
Табела на освоени медали на Олимписките игри
Освоени медали на Летните олимписки игри ИгриАтлетиЗлатоСреброБронзаВкупноРанг Берлин 1936 19 0 0 0 0 – Лондон 1948 31 0 0 0 0 – Хелсинки 1952 не учествува Мелбурн 1956 16 0 0 0 0 – Рим 1960 18 0 0 0 0 – Токио 1964 8 0 0 0 0 – Град Мексико 1968 5 0 0 0 0 – Минхен 1972 8 0 0 0 0 – Монтреал 1976 не учествува Москва 1980 11 0 0 0 0 – Лос Анџелес 1984 не учествува Сеул 1988 5 0 0 0 0 – Барселона не учествува Атланта 1996 2 0 0 0 0 – Сиднеј 2000 не учествува Атина 2004 5 0 0 0 0 – Пекинг 2008 4 0 0 1 1 80 Лондон 2012 6 0 0 1 1 79 Рио де Жанеиро 2016 Токио 2020 Вкупно 0 0 2 2 132
Освоени медали на летни спортови
Теквондо 0 0 2 2 Вкупно* 0 0 2 2
Забелешка: На Авганистан му било забрането да учествува на Летните олимписки игри во 1999 година поради дикриминацијата на жените под владеењето на талибанците.
Освојувачи на медали Медал Име Игри Спорт Дисциплина Пекинг 2008 Теквондо мажи 58 кг. Лондон 2012 Теквондо мажи 68 кг.
Поврзано Список на земји учеснички на Олимписките игри Авганистан на Параолимписките игри Авганистан на Азиските игри
Наводи
Надворешни врски Afghan Sports History