Гале Фиданоски (Битуше, ) — македонски новинар и публицист.
Животопис Фиданоски е роден во 1936 година во гостиварското долнореканско село Битуше, каде што ги поминал и своите најрани детски години. По завршување на основното образование се запишал во учителската школа „Никола Карев“ во Скопје. Со дипломата народен учител, тој две години работел во ОУ „Иво Рибар Лола“ во Ростуше. Во 1962 година, тој дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, и истата година е поставен за директор на ОУ „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови. По три години работа во Маврово, во 1965 година, тој бил примен за новинар-уредник во Радио Гостивар, каде што како новинар-уредник, односно директор и главен и одговорен уредник останал сè до пензионирањето во 2000 година. Покрај активната и ангажирана новинарска работа во Радио Гостивар, нешто повеќе од 35 години бил и дописник на Радио Скопје од Гостивар. Соработува и со други електронски и печатени медиуми.
Библиографија 1976 - Априлскиот злостор во Ново Село; 2010 - Копанка (се јавува како потготвувач. Книгата е печалбарски запис на неговиот татко Трпе Фиданоски);
Наводи
Категорија:Луѓе од Битуше Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски публицисти Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски уредници Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје