Граѓанска војна во Родезија позната и како Втората Чимуренга или како Војна за ослободување на Зимбабве — граѓанска војна која што се одвивала од јули 1964 до декември 1979 година во непризнаената држава Родезија (подоцна Зимбабве-Родезија). Оваа граѓанска војна претставувала конфликт помеѓу три сили една против друга: родезиската влада, под водство на Ијан Смит (подоцна владата на Зимбабве-Родезија под водство на епископот Ејбел Музорева), Националната африканска ослободителна армија на Зимбабве, военото крило на Африканскиот национален сојуз на Зимбаве на Роберт Мугабе и Народната револуционерна армија на Зимбабве на чие чело стоел Џошуа Нкомо.

Наводи