Нисан () — седмиот месец од граѓанскиот и првиот месец од верскиот еврејски календар. Името на месецот е вавилонско. Во Тората (Петтокнижието) а наречен авив — месецот кога созрева јачменот. Асирците го нарекуваат „месец на среќата“. Ова е пролетен месец со 30 дена. Обично се оаѓа во март–април од грегоријанскиот календар.

Празници во нисан 1 нисан; асирска Нова година (Хаб нисан) 14 нисан: Пост на првородениот (на 12 нисан ако 14-ти е се паѓа на Шабат (сабота)) 15-21 нисан: Пасха или „Бесквасници“ (на 22 нисан вон Израел) 27 нисан: Јом ашоа – на 26 или 28 ако 27-ми паѓа во петок односно сабота), косејќи се со Шабат

Во други јазици на акадски месецот се нарекува , од сумерски: nisag Нисан се нарекува месецот април на арапски (), и турски ().

Наводи

Надворешни врски Овој месец во еврејската историја

Категорија:Месеци во еврејскиот календар