Марион Котијар (француски: Marion Cotillard) е француска филмска глумица. мини|десно|М. Котијар (во средината) на филмскиот фестивал во Кан, 2012 г. Животопис Според зборовите на Котијар, како дете, таа била срамежлива, осамена и меланхолична. Глумата ја засакала благодарение на нејзиниот татко, кој бил глумец и пантомимичар. мини|лево|Котијар на филмскиот фестивал во Берлин, 2007 г. Во 2007 година, Котијар се омажила за францускиот глумец и режисер, Гијом Кане, а во 2011 година им се родил синот Марсел. мини|лево|М. Котијар во Париз, 2009 г. Котијар е заштитник на животните и на природната средина. Таа е амбасадорка на „Гринпис“, а се залага за зачувување на суматранскиот тигар.Наташа Спирова, „Сон ми е да снимам комедија“, Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 8. Кариера мини|десно|М. Котијар на фестивалот во Кан, 2015 г. Котијар се прославила со филмската биографија на Едит Пјаф „Живот во розово“, во која ја играла улогата на Пјаф, за која била наградена со „Оскар“. Котијар, која е позната по длабокото поистоветување со ликовите кои ги глуми, за потребите на таа улога ги избричила веѓите и дел од косата, а секој ден поминувала по пет часа во одделот за шминка. Според нејзиното признание, дури осум месеци по снимањето на филмот, таа не можела да се ослободи од ликот на Пјаф, дури обидувајќи се да се прочисти со помош на шаманска сесија на Мачу Пикчу.
Котијар глумела во повеќе филмови, како: Живот во розово Два дена, една ноќ
Наводи
Категорија:Француски глумци Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1975 година Категорија:Француски природозаштитници Категорија:Добитници на Златен глобус