+ 1 инч =SI-единици 0,0254 м 25,4 ммамерикански/империјални јарди (yd) стапки (ft) Инч, палец или цол, (знак in или ″ - двоен прим) — единица мерка за должина во разни системи, како англискиот, британскиот и американскиот. Големината му варира од систем до систем. Еден јард има 36 инчи, а една стапка има 12. Соодветната единица мерка за плоштина е квадратен инч, а за волумен е кубен инч.
Инчот е честа единица мерка во САД, Обединетото Кралство и Канада. Во САД и ОК, лични висини се изразуваат во стапки и инчи. Во Канада ова станува сè поретко.
Традиционалниот македонски палец се разликува од современиот стандардизиран инч, во тоа што 1 палец = 27 мм (2,7 см).
Меѓународен инч Во 1958 г. САД и земјите од Комонвелтот ја дефинирале должината на меѓународниот јард на 0,9144 метри. Така, меѓународниот инч е еднаков на 25.4 милиметри.
Стандардниот меѓународен симбол за инч е in (видете ISO 31-1, Анекс A). Во некои случаи инчот се пишува со двоен прим, кој изгледа како наводник, а стапката со прим, која изгледа како апостроф. На пример, 6 стапки 2 инча се обележува со 6′2″. Ова може да предизвика забува, бидејќи единечниот и двојниот прим се меѓународни симболи за аголна минута и аголна секунда.
Еквиваленција на други мерни единици 1 меѓународен инч е еднаков на: 1,000 тоу (1 тоу = 0,001 инч) околу 0,08333 стапки (1 стапка = 12 инча) околу 0,02778 јарди (1 јард = 36 инча) 2,54 сантиметри (1 сантиметар = ~0,3937 меѓун. инчи)
Примена на инчот Дури и во земјите каде се користи метрички систем, инчот може да важи за: големини на компјутерски монитори, сензори за слики и (поретко) телевизорски екрани, внатрешен пречник на цевки (видете ISO 228), велосипедски гуми и бандажи (погл. ISO 5775), грамофонски плочи, пречник на пури, иако фактичката димензија на највеќето од овие производи се искажува во милиметри.
Поврзано Англиски мерни единици Британски мерни единици Американски мерни единици Пирамидален инч
Категорија:Единици за должина Категорија:Империјални единици Категорија:Американски мерни единици
fy:Tomme (lingtemaat)