Маѓепсаната Ела (англиски: Ella Enchanted) е американско-британско-ирски филм од 2004 година, во режија на Том О'Хевер. Главните улоги ги толкуваат: Ен Хатавеј и Хју Денси.

Содржина Ела живее во магичен свет, во кој сите деца, во моментот кога ќе се родат, добиваат „подарок“ од кумата-самовила. На своето раѓање, Ела добила подарок - послушност, кој истовремено е и нејзиното проклетство. Како последица на тоа, Ела не може да одбие никаква наредба, поради што често запаѓа во немилост на разни бескрупулозни личности.„Маѓепсаната Ела“, Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 16. „Маѓепсаната Ела“, Антена, број 869, 20.2.2015, стр. 21. „Маѓепсаната Ела“, Антена, број 870, 25.2.2015, стр. 26.

Наводи

Категорија: Филмови со Ен Хатавеј Категорија:Филмови од 2004 година Категорија:Филмови на англиски јазик