Војната на Чарли Вилсон (англиски: Charlie Wilson's War) е американски филм од 2007 година, во режија на Мајк Николс. Главните улоги ги толкуваат: Том Хенкс, Џулија Робертс, Филип Сејмур Хофман, Ејми Адамс и Емили Блант. Содржина Чарли Вилсон (го игра Хенкс) се занимава со политика од раната младост, а во еден период бил и конгресмен на државата Тексас. Во својата кариера, која не била многу значајна, тој бил познат по своите демократски ставови за социјална сигурност, за правата на жените и за абортусот. Но, исто така, тој бил познат и како љубител на жените и на пороците. Во 1980-тите години дошло до пресврт во неговата кариера, кога меѓу неговите политички и финансиски поддржувачи се вклучила и една од најбогатите жени на светот, Џоан Херинг (ја игра Робертс), која му била повремена љубовница.Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 21.Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 20. Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Мајк Николс Категорија:Филмови со Том Хенкс Категорија:Филмови со Џулија Робертс Категорија:Филмови со Ејми Адамс Категорија:Филмови со Емили Блант Категорија:Филмови со Филип Сејмур Хофман Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови на англиски јазик