„Стапица“ е американски филм од 2012 година, во режија на Штефан Рузовицки. Главните улоги ги играат: Ерик Бана, Чарли Ханам, Оливија Вајлд, Крис Кристоферсон и Сиси Спејсек. Содржина Едисон и Лајза се брат и сестра кои се наоѓаат во бегство по лошо изведениот грабеж во едно казино. Поради сообраќајната несреќа во која загинуваат нивниот возач и еден полицаец, тие решаваат да тргнат кон канадската граница. Додека ги гони полицијата, нивните неволји не запираат, зашто им се расипува автомобилот и запаѓаат во снежна бура.„Стапица“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 27. Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 28.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Сиси Спејсек Категорија:Филмови со Ерик Бана Категорија:Филмови со Крис Кристоферсон Категорија:Филмови од 2012 година