Кире Костадиновски (Горно Оризари, Битолско, – , ) ― македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во Воениот судир во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.
Животопис thumb|лево|260п|Битолска чета ПЕП. На сликата се Бошко Најдовски († 25), Илче Стојановски († 24) и Кире Костадиновски († 24), кои подоцна ќе загинат заедно во масакрот кај Вејце на 28 април 2001 година. Живот, војната 2001 и сведоштва
Не дочека да ја види и да и се израдува на својата рожба. Во полициска униформа замина Кире од населбата Горно Оризари и од Битола, таму на Шар Планина, каде што беснееја терористичките банди. На 28 април 2001, во попладнедневните часови со групата бранители и Кире тргна на патот кон селата Вејце и Селце. Заседата беше стравична, масакрот и дивјаштвото кое можеби никаде и никогаш на светот и веков не се случило, беше кобната судбина на младоста македонска.
Раните печеа од терористичките ками и истрели и во тој непребол насилно во дивината на Шар Планина бранителите секој во сопствената мака ја испуштаа последната издишка. Масакрот кој и зошто го направи сè уште е енигма која трае. Синот, татковото посмртче е утехата и богатството на сопругата, кои веруваат дека сепак ќе ја дознаат вистината за Кире.
Во масакрот кај Вејце, Кире бил тешко ранет со проектили во пределот на градниот кош и стомакот. Бил запален додека бил сè уште жив, зашто во белите дробови му е најден јагленороден моноксид. Смртта кај Кире настанала како резултат на развивање на тешко шокова состојба предизвикана од дејствување на проектили во пределот на градниот кош и стомакот, како и поради изгореници и труење од јаглерод моноксид, што му е пронајден во белите дробови, од што се извлекува заклучок дека бил запален додека сè уште давал знаци на живот.
Кире Костадиновски посмртно бил одликуван со медал за храброст од страна на Претседателот на Македонија.
Поврзано
Масакр кај Вејце
Наводи
Категорија:Луѓе од Горно Оризари (Битолско) Категорија:Македонски бранители