Универзитет на Јужна Австралија (; кратенка UniSA) — јавен универзитет во сојузната држава Јужна Австралија, Австралија. Била создадена во 1991 година со спојување на Јужноавстралискиот институт за технологија и Колеџот за напредно образование. Законодавството за основање и именување на новиот универзитет била донесена во 1990 година.News Release, University of South Australia, 17 August 2006 Со повеќе од 33.000 студенти, универзитетот е најголем во Јужна Австралија; повеќе од 10.000 студенти се од странство, од кои една половина студираат во Аделаида, а останатите во издвоената подружница во Сингапур.
Со универзитетскиот акт, негова првична мисија била „да го зачува, проширува и шири знаењето преку предавање, истражување, стипендии и обезбедување образовни програми кои ќе го разубават различниот културен живот на пошироката заедница“. Во 2013 година била поставена нова мисија како дел од новата стратегија.
Универзитетот е најмлада австралиска институција која влегла во првите 50 во списокот на најдобри 100 глобални универзитет помлади од 50 години.
Универзитетот е основоположник на Австралиската технолошка мрежа на универзитети.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Универзитети во Австралија Категорија:Аделаида