Брунсбител () — град во округот Дитмаршен, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во северниот дел на Германија. Сместен е на устието на реката Елба, близу Северното Море. Градот претставува еден од најзначајните пристанишни градови на западниот брег на сојузната покраина.
Пред сè, градот е познат по блиската истоимена атомска централа, која сè е активна и западниот влез на Килскиот Канал, кој завршува кај Кил-Холтенау.
Историја
Во текот на првите денови на Втората светска војна, на 4 септември 1939 година, Кралските воздухопловни сили го извеле еден од првите бомбашки напади на брод близу градот.
Во 1948 година, Брунсбителког ги добил градските права. Брунсбител настанал со соединување на Брунсбителког и други општини во 1970 година. Градот се наоѓа на петтото место во поглед на површината, веднаш зад Либек, Фемарн, Кил и Нојминстер.
Збратимени градови
Брунсбител е збратимен со следниве градови:
Хорни Почернице, Чешка (од 2004 г.)
Познати жители
Џенифер Езер (р. 1983) — атлетичарка Карен Дуфе — писателка
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Дитмаршен