Дечани — град и општина во округот Ѓаковица во Западно Косово. Тоа е планинска област која граничи со Црна Гора и Албанија. Има вкупно 36 села. Територијата на општината е 371 км2.

За време на војната 1998-1999 година, Дечани беше едно од упориштата на Ослободителната војска на Косово (ОВК), а потоа доживеа голема катастрофа и уништување на инфраструктура од страна на српските воени и паравоени сили. Голема реконструкција и обнова се случува со помош на меѓународните агенции и поддршка од дијаспората на косовските Албанци. Таа е широко позната (главно меѓу српското население), бидејќи манастирот Високи Дечани на Српската православна црква се наоѓа на територија на оваа општина.

Надворешни врски

Општина Дечани Профил на Дечани според ОБСЕ Манастир Високи Дечани BBC Документарец

Категорија:Општини на Косово Категорија:Градови во Косово