Емил Ниами (, ) — еден од најмладите истражувачи и афирматори на рускиот јазик во Република Македонија. Toj e доктор по филолошки науки, лектор на филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, Москва.
Животопис Средно училиште завршил во Скопје во 1995 година и истата година се запишал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на групата за руски јазик и книжевност. Дипломирал во 1999 година. По дипломирањето започнал да работи како преведувач во редакцијата за обработка на странска програма на А1 Телевизија. По извесен период преминал во редакцијата за промоција на програма, а во исто време бил и автор на неколку телевизиски програми, како што се емисијата за деца „Моето ТВ катче“, научно-популарната емисија „П.С.“, емисијата за тинејџери „Тинклуб“ и неколку други емисии од различен карактер. Во меѓувреме активно се занимава со преведувањето и тоа како од руски, така и од англиски и од италијански јазик. Во 2004 година, во дневниот весник „Време“ почнал да ја води рубриката за тинејџери, а во 2005 година започнал да работи и во неделникот „Ланова“ како член на редакцијата. Истата година ѝ се придружува и на редакцијата на неделниот магазин за деца и млади „Оправдано присутни“. Кон крајот на 2005 година, со започнување на месечникот „Бебе магазин“, бил ангажиран и како стручен консултант од областа на јазикот, со статии за лингвистичките, ортопедските проблеми и логопедијата. За сето тоа време им преведено голем број играни и сериски филмови, документарна програма, вести, како и голем број симултани и консекутивни преводи.
Во 2007 година ја одбранил магистерската теза „Паронимите во македонскиот во споредба со рускиот јазик“ (ментор д-р Красимира Илиевска). Неговите научни интереси се насочени кон лексикологијата, лексикографијата и контрастивната анализа.
Библиографија на научната и стручна работа I Список на трудови Речник на паронимите на македонскиот јазик, Скопје, 2008 (во печат) Транскрипция иноязычных имён и названий в македонском и в русском языках, зборник од научната конференција Кириллица: от возникновения до наших дней, Российская академия госслужбы при Президенте Российской Федерации, Москва, 2007 За толковниот речник на рускиот јазик од Наталија Јуљевна Шведова, Филолошки студии, Перм – Скопје – Загреб – Љубљана, 2008 Македонский язык в интернете, Международный научный симпозиум „Славянские языки и культуры в современном мире„, Москва, 2009 Проблемите со транскрипцијата и/или транслитерацијата при преведувањето од руски на македонски јазик, Македонски јазик, Скопје, 2009 Рускиот јазик во Интернетот, Славистички студии, Скопје, 2009
II Преводи Градоначалникот и за него од Јуриј Лужков и Михаил Шчербаченко, Ѓурѓа, Скопје, 2005 Раскази од А. П. Чехов на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2005 Едиција Приказни од целиот свет составена од 26 аудио цедиња, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2005 Раскази од Л. Н. Толстој на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006 Доктор Офболи од К. Чуковски на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006 Грдото пајче од Х. К. Андерсен на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006 Пинокио од К. Колоди на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006 Срце од Едмондо Де Амичис на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006 Приказни по телефон од Џ. Родари на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006 Снежана и седумте џуџиња од браќата Грим на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006 Двојната Лота од Е. Кестнер на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006 20.000 милји под морето од Жил Верн на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006
III Проекти Како дел од неговите работни задачи беше и координатор на проектот на А1 Телевизија и дневниот весник „Време“ за унапредување на руско-македонските односи. Притоа во 2004 година во библиотеката за странска литература „М. И. Рудомино“ во Москва беше поставена бистата на Марко Цепенков. Во декември 2004 година беше коорганизатор од македонска страна на изложбата на репродукции од Казимир Малевич и изложбата посветена на руските декабристи.
Во 2005 година беше координатор од македонска страна за изданието на книгата „Македонија во очите на Русите“. Негов последен телевизиски проект е документарниот филм посветен на животот и делото на академик Р. П. Усикова.
Контакти: Катедра за словенска филологиjа на филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет «М.В.Ломоносов», 119991, ГСП-1, Москва, Ленинские горы, МГУ им. М.В. Ломоносова, 1-ый корпус гуманитарных факультетов, филологический факультет; http://www.philol.msu.ru/~slavphil/staff.html
Награди 2021 - Награда „13 Ноември“
Поврзано Речник на антонимите во македонскиот јазик Речник на паронимите во македонскиот јазик
Наводи
Категорија:Македонски русисти Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“