Диме Тасовски (роден на во Велес) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој настапувал на позицијата крилен центар и поголемиот дел од неговата играчка кариера го поминал во клубовите од Првата македонска кошаркарска лига. Иако е роден во Велес, тој е израснат во Градско, од каде е неговото семејство.

Кариера На почетокот на неговата кариера, тој бил именуван под презимето Тасов. Тасовски ја започнал кариерата во младинските екипи на Жито Вардар во Велес. Своето прво првенствено финале било во сезоната 1996/97 со Жито Вардар, кое Тасовски го загубил од Годел Работнички. Огромниот подем во неговата игра се случил кога на чело на велешкиот суперлигаш дошол српскиот стручњак Михајло Увалин, кој му дал целосна слобода во играта. Во 2001 и 2002 година, заедно со Александар Димитровски, бил носител на играта на Жито Вардар, но клубот набрзо се распаднал поради финансиска криза. Тасовски ја прифатил понудата од Вардар Осигурување и продолжил со блескавите игри. Тоа било препорака Фершпед Работнички да го ангажира за претстојните натпревари во Купот на ФИБА и во вториот дел од домашното Првенство. Во втората сезона со Фершпед Работнички, Тасовски по вторпат ја освоил двојната круна, а бил прогласен и за МВП на Купот. Во сезоната 2006/2007 со Фершпед Работнички станал вицешампион во Првенството, откако во финалето загубиле од Струмица 2005. За следната 2007/2008 сезона, Диме потпишал за тогашниот шампион Струмица 2005,, но и таму бил вицепрвак во Првенство и Купот, овој пат губејќи од Фени Индустри. Диме се вратил во Фершпед Работнички во 2008 година, притоа повторно освојувајки ја титулата во Првенството. По една сезона во Работнички, Тасовски го прекинал договорот и потпишал за украинска Политехна Халикина, играјќи таму една полусезона. Втората полусезона ја одиграл во косовскиот клуб Трепча од Косовска Митровица. Сезоната 2010/2011 ја одиграл во Фени Индустри каде го освоил Првенството и Балканската лига. Во 2011 година, Тасовски повторно потпишал за Работнички. На полусезона го напуштил Работнички и се преселил во Лирија. Со Лирија, Диме Тасовски стигнал до финалето во Купот на Македонија 2014. По распаѓањето на Лирија поради немање своја сала, Диме го напуштил клубот и потпишал за Карпош Соколи. За сезоната 2015/16, тој потпишал за КК Струмица.Подновен ростерот на Струмица со две нови засилувања ekipa.mk 5 октомври 2015Струмица се засилува: Тасовски и Гоцевски доаѓаат sport365.mk 5 октомври 2015 На крајот на јануари 2016 година, Диме ја напуштил Струмица и по четврти пат потпишал за Работнички.Искусниот Тасовски се врати во „Градски Парк“ derbi.mk 27 јануари 2016Диме Тасовски се враќа во „Градски Парк“ ekipa.mk 27 јануари 2016Тасовски повторно во тимот на Работнички sport365.mk 27 јануари 2016 Во август 2017 година Диме потпишал за новиот прволигаш Гостивар. За сезоната 2018/19, Тасовски продолжил во редовите на Гостивар. Тасовски и Гостивар, во јули 2019 година, се договориле за уште една сезона. За сезоната 2020/21, тој продолжил да игра во редовите на Гостивар за уште една сезона, најавувајќи потоа негово пензионирање. По елиминирање на Гостивар во четвртфиналето во разигрувањето во мај 2021 година, како што било најавено, тој се пензионирал од професионалното играње кошарка.

Репрезентативна кариера Македонската кошаркарска репрезентација заедно со Диме Тасовски се вратила во европската А-дивизија, а тој бил еден од најдобрите поединци во победите над Австрија. Диме бил во селекцијата за време на Евробаскетот 2009. Успеси

Титули Работнички Прва македонска лига (4) : 2003/04, 2004/05, 2005/06, 2008/09 Куп на Македонија (3) : 2004, 2005, 2006 Суперкуп на Македонија (1) : 2011

Струмица 2005 Суперкуп на Македонија (1) : 2007

Фени Индустри Прва македонска лига (1) : 2010/11 Балканска лига (1) : 2010/11

Признанија Најдобар домашен кошаркар за 2005 година Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2005"Шпедитерите" наздравија со шампањско по шести пат vecer.mk 30 април 2005 Најкорисен играч на разигрувањето во лигата 2005/06 Прва најдобра петорка на сезоната 2006/07 Најдобра домашна петорка на сезоната 2006/07 Најкорисен играч во Суперкупот на Македонија - издание 2007 Прва најдобра петорка на сезоната 2007/08 Најдобра домашна петорка на сезоната 2007/08 Најкорисен играч на финалето во лигата 2008/09 Почесно споменување во сезоната 2010/11 Eurobasket.com - Трета најдобра петорка на сезоната 2013/14 Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2013/14 Домашен играч на сезоната 2016/17 Втора најдобра петорка на сезоната 2016/17 Најдобра домашна петорка на сезоната 2016/17 Почесно споменување во сезоната 2018/19

Наводи

Надворешни врски Профил на Диме Тасовски на Eurobasket.com Профил на Диме Тасовски на Basketball.realgm.com Профил на Диме Тасовски на Eurobasket2011.com Профил на Диме Тасовски на archive.fiba.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Градско Категорија:Кошаркари од Велес Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК Тиквеш Категорија:Кошаркари на КК Жито Вардар Категорија:Кошаркари на КК Лирија Категорија:Кошаркари на КК Струмица 2005 Категорија:Кошаркари на КК Струмица Категорија:Кошаркари на КК Карпош Соколи Категорија:Кошаркари на КК Вардар