Боби (англиски: Bobby) е американски филм од 2006 година, во режија на Емилио Естевез, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Ештон Качер, Лоренс Фишберн, Деми Мур, Ентони Хопкинс, Шерон Стоун, Илајџа Вуд, Линдзи Лохан, Кристијан Слејтер, Хари Белафонте итн. Филмот бил номиниран за наградата „Златен глобус“ во две категории.

Содржина Дејството на филмот започнува за време на предизборната трка за претседател на САД. На 4 јуни 1968 година, сенаторот Роберт „Боби“ Кенеди пристигнува во хотелот „Амбасадор“ во Лос Ангелес. Кампањата е во полн ек, а тој го подготвува говорот што треба да го одржи на полноќ. Кенеди е последната надеж на демократските сили во САД за извлекување на земјата од војната во Виетнам, расизмот, класните разлики и половата нееднаквост. Меѓутоа, сите надежи се распрснуваат кога Кенеди ќе биде убиен.„Приказна за атентатот врз Кенеди“, Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 3.„Боби“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 25.

Наводи

Категорија:Филмови од 2006 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Емилио Естевез Категорија:Филмови со Емилио Естевез Категорија:Филмови со Ентони Хопкинс Категорија:Филмови со Деми Мур Категорија:Филмови со Шерон Стоун Категорија:Филмови со Илајџа Вуд Категорија:Филмови со Линдзи Лохан Категорија:Филмови со Хари Белафонте Категорија:Филмови со Кристијан Слејтер