Елизабет Жаке де Ла Гер (фр. Élisabeth Jacquet de La Guerre, родено име: Élisabeth Jacquet; 17 март 1665, Париз – 27 јуни 1729, Париз) — истакнат француски музичар, чембалист и композитор.

Живот

Родена е во влијателно семејство на музичари и градители. Таа уште од раното детство била чудо, и свирела чембало за кралот Луј XIV како почеток на нејзината кариера како чембалист кога имала само пет години. На дворот таа била забележана од Мадам де Монтеспан, која ја земала во најзината придружба. Жаке де Ла Гер се омажила со оргуларот Марен де Ла Гер во 1684 и го напуштила дворот. Од тогаш, па натаму таа била позната како Елизабет Жаке де Ла Гер. По венчавката таа станала учителка и правела концерти во Париз, кои ѝ донеле многу признанија.

Дела

Елизабет Жаке де Ла Гер била една од ретките жени-композитори во своето време. Во последно време е оживеан интересот за неа и за нејзините дела, кои се снимени. Нејзиниот опус се состои од: Танцови свити за чембало (2 збирки: 1687 и 1707) ; Операта Цефала и Прокрис (Céphale et Procris) (1694) ; Трио сонати (1695) ; Сонати за виолина и чембало (1707) ; Кантати: религиозни (1708 и 1711), и профани (околу 1715).

Нејзината збирка на дела за чембало 1687 била една од ретките такви печатени дела во Франција во XVIII век.

Поврзано Француски барокни чембалисти

Надворешни врски Биографија на Goldbergweb.com

Извори Статија за Елизабет Жаке де Ла Гер на француската Википедија 14 септември. "Elisabeth Jacquet de La Guerre", Grove Music Online, ed. L. Macy (пристапено на 2006, grovemusic.com (пристап со претплата).

Библиографија Élisabeth Jacquet de La Guerre Une femme compositeur sous le règne de Louis XIV by Catherine Cessac, Paris 1995 Ed. Actes Sud

Категорија:Барокни композитори Категорија:Француски композитори Категорија:Жени-композитори Категорија:Починати во Париз Категорија:Родени во 1665 година Категорија:Починати во 1729 година