Началник на Република Крим () — највисок функционер и шеф на извршната власт на Република Крим во состав на Руската Федерација.

Задачата на началникот е да обезбеди придржување до уставот и федералните закони на Русија, како и уставот и законите на самата Република Крим. Служи како заштитник на еднаквоста меѓу народите, правата и слободите на граѓаните и запазување на целовитоста и усогласеноста во работата на органите на републиката.

Лицето на оваа функција мора да е на возраст од барем 30 години, а мандатот трае пет години, највеќе двапати по ред. Лицето го назначува Врховниот совет на Крим по предлог на претседателот на Руската Федерација. Во случај лицето да стапува како вршител на должност, назначувањето го врши непосредно претседателот на државата, без одобрување од републичките власти.

Моментален началник е Сергеј Аксјонов, кој е на функцијата од 9 октомври 2014 г.ТАСС: Политика - Сергей Аксенов избран главой Крыма

Список на началници Име Стапил Напуштил Сергеј Аксјонов (вршител) 14 април 2014 9 октомври 2014 Сергеј Аксјонов 9 октомври 2014 денес

Наводи

Надворешни врски

Устав на Република крим Федерален закон „За општите начела за уредувањето на законодавните (претставнички) и извршните органи на државната власт во субјектите на Руската Федерација“ од 6 октомври 1999 г.

Категорија:Политика на Крим