532 Херкулина — астероид од главниот појас со пречник од 225 км.

Откривање

Астероидот бил откриен на 20 април 1904 година, од Макс Волф во Хајделберг, и е заведен под привременото име 1904 NY.Provisional elements of the minor planet 1904 NY. J. C. Hammond, Astronomical Journal, vol. 24, iss. 564, p. 105-105 (1904) ADS archive copy Потеклото на неговото име е непознато, можно е да е именуван по митолошкиот лик Херкул, или по некоја непозната жена од то период. Поголемиот број од астероидите откриени од страна на Волф во овој период се наречени по ликови од опери, но доколку ова име е иведено од опера, досега не е пронајден таков запис.

Физички својства

Херкулина е еден од поголемите членови на главниот астероиден појас. Се смета дека е еден од првите 20 по големина астероиди, но поголемиот број на точни димензии на поголемите астероиди не се сè уште определени. Моменталната проценка на неговата маса го сместува меѓу првите 10.

Забележителен е по своите сложени светлински криви, поради кои е тешко да се определи обликот и вртежот. Збир од набљудувања со помош на точкеста интерферометрија од 1982 година довеле до создавање на преоден модел за Херкулина како тридимензионален објект, најверојатно со димензии 260 на 220 на 215 км. Анализата на податоците од 1985 година покажало дека се работи за несферен облик со една светла точка, додека пак фотометриските мерења од 1987 година покажале дека објектот е сферичен со две темни точки, што пак било негирано со топлинското испитување од 1988 година. Во доцните 1980-ти, општиот прифатен модел било дека станува збор за триосен објект големо албеди или пак топографски одлики.Speckle interferometry of asteroids (NASA CR-180438). J. Drummond, Steward Observatory, University of Arizona, May 31, 1988

Неодамнешното фотометриско моделирање на податоците покажале дека Херкулина не е сферичен објект, туку коцкест облик кој во една анализа е опишан дека наликува на „тостер“. Оваа анализа покажала постоење на поголеми кратери, како кај 253 Матилда, но без поголеми промени на албедото. Приближните односи на оските биле 1:1.1:1.3, во согласност со претходните модели но малку поиздолжени.Models of Twenty Asteroids from Photometric Data . M. Kaasalainen, J. Torppa, and J. Piironen, Icarus 159, 369–395 (2002).

Сателити

Разгледувајќи ги недоследностите при прикривањето околу ѕвездата SAO 120774 во 1978 година, Херкулина станала првиот астероид за кој е потврдено присуството на астероидна месечина, земајќи ја предвид големината на пречникот од 216 км забележана е месечина со пречник од 45 км како орбитира на растојание од околу 1.000 км. Сепак, внимателното испитување спроведено во 1993 година, со употреба на телескопт Хабл, не успеале да го откријат вториот објект.

Наводи

Надворешни врски Orbital simulation from JPL (Java) / Ephemeris

Категорија:Главен астероиден појас Категорија:Астероиди од типот S Категорија:Откритија на Макс Волф Категорија:Астрономски тела откриени во 1904 година Категорија:Астероиди со имиња од непознато потекло Категорија:Неправилни месечини