Дунзум (; фериншки: Dunsem) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Составена е од местата Грос и Клајн Дунзум.

Географија и сообраќај

Од Дунзум постојат патеки низ блатата до соседниот остров Амрум при ниска плима. Амрум и Зилт може да се видат од тука.

Автобуските линии го поврзуваат Дунзум со другите села на островот и градот Вик на Фер.

Историја

Името означува „населба на Дун“.

Во и век, китоловството била важна гранка на Фер. Пописот во 1787 година покажал дека Дунзум имал 147 жители, од кои 40 биле поморци.

Како дел од Вестерланд Фер, Дунзум припаѓал на кралската енклава на Данска и така бил директен дел на данската круна, додека Остерланд Фер припаѓал на Војводството Шлезвиг. Данска го изгубила Шлезвиг од Прусија при Втората шлезвишка војна, Дунзум станал дел од Шлезвиг-Холштајн.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Фер Категорија:Северна Фризија (округ) Категорија:Општини во Шлезвиг-Холштајн