Лудвиг Едуард Болцман (; - ) — австриски физичар и филозоф чии големи достигнувања се од областа на статистичката механика, која објаснува и предвидува како својствата на атомите (како масата, полнежот, и структурата) ги определуваат својствата на материјата (како вискозност, топлоспроводливост, и дифузија).
Животопис
Детство и образование Болцман е роден во Виена, главниот град на Австриската Империја. Неговиот татко, Лудвиг Георг Болцман, бил управник за јавни приходи. Неговиот дедо, кој се преселил од Берлин во Виена, бил произведувач на часовници, и Болцмановата мајка, Катарина Пауернфеинд, била од Салцбург. Тој се здобил со основно образование од приватен тутор во домот на неговите родители. Болцман го завршил средното во Линц, Горна Австрија.Кога Болцман имал 15 години,неговиот татко умира.
Болцман студирал физика на Виенскиот Универзитет, почнувајќи во 1863. Меѓу неговите професори биле Јосеф Лосцхмидт, Џозеф Стефан, Андреас вон Еттингсхаусен и Јозеф Петзвал. Болцман докторирал во 1866 работејќи под надзор на Јозеф Стефан; неговата дисертација била на тема кинетичката теорија на гасовите. Во 1867 тој станал приватен преведувач. По добивањето на докторатот, Болцман работел уште две години како асистент на Џозеф Стефан. Стефан го запознал со Максвеловиот труд.
Академска кариера Во 1869 на 25 годишна возраст, благодарение на писмото со препорака напишана од Стефан, Болцман бил назначен за професор по математичка физика на Универзитетот во Грац во провинцискиот дел на Штаерска. Во текот на 1869 тој поминал неколку месеци во Хајделберг работејќи со Роберт Бунзен и Лео Конигсбергер ,а потоа во 1871 и со Густав Кирхоф и Херман фон Хелмхолц во Берлин. Во 1873 Болцман се приклучил на Виенскиот универзитет како професор по математика и таму останал сè до 1876.
Во 1872, долго пред жените да бидат примени на австриските универзитети, Болцман ја сретнал Хенриет фон Аигентлер, претензиозна професорка по математика и физика во Грац. Неа и била одбиена дозволата да врши проверка на лекциите и предавањата неофицијално.Болцман ја советувал да поднесе жалба,што таа и го направила,успешно.На 17 јули 1876 Болцман се оженил со Хенриет ;имале три ќерки и два сина. Болцман се вратил во Грац да го преземе столот на експериментална физика. Меѓу неговите студенти во Грац биле Сванте Арениус и Волтер Нернст."Paul Ehrenfest (1880–1933) along with Nernst[,] Arrhenius, and Meitner must be considered among Boltzmann's most outstanding students."— Тој поминал 14 среќни години во Грац,каде го развива својот статистички концепт за природата.Во 1885 тој станал член на царската Австриска Академија на науки и во 1887 тој станува директор на Универзитетот во Грац. Тој бил избран за член на Кралската шведска академија на науките во 1888.
Болцман бил назначен на столот на теориска физика на Минхенскиот Универзитет во Баварија, Германија во 1890. Во 1893, Болцман го заменил неговиот професор Џозеф Стефан како професор по теориска физика на Виенскиот Универзитет.
Последните години Болцман вложил многу напор во неговите последни години,бранејќи ги своите теории. Не се согласувал најдобро со некои од неговите колеги во Виена, особено со Ернст Мах, кој станал професор по филозофија и историја на науки во 1895. Истата година Георг Хелм и Вилхелм Оствалд го искажале својот став за Енергетика, на средба во Лубецк во 1895. Тие ја гледале енергијата,а не материјата,како главна компонента на универзумот.Болцмановиот став бил најуспешен мегу другите физичари кои ги поддржувале неговите теории во дебата. Во 1900, Болцман заминува на Лајпцишкиот Универзитет, на покана на Вилхелм Оствалд.Ostwald offered to Boltzmann the professorial chair of physics which was vacated upon the death of Gustav Heinrich Wiedemann. По пензионирањето на Мах поради лошото здравје,Болцман се враќа во Виена во 1902.Upon Boltzmann's resignation, Theodor des Coudres became his successor in the professorial chair at Leipzig. Во 1903 тој го основа Австриското математичко друштво заедно со Густав фон Ешерих и Емил Милер. Од неговите студенти биле Карл Прзибрам, Паул Еренфест И Лиза Меитнер.
Во Виена, Болцман предавал физика,а исто така и говорел за филозофијата.Болцмановите лекции за природна филозофија биле многу популарни, и добиле значајно внимание во тоа време.Неговата прва лекција била огромен успех.Иако најголемата сала била избрана за неа, луѓето стоеле сè до скалите.Поради големите успеси на овие негови предавања по филозофија,царот го поканил на прием во Палатата.
Болцман бил изложен на нагли промени на расположението,најверојатно симптоми на сè уште недијагностициранто биполарно нарушување.Тој самиот на шега си ги препишувал овие нагли промени на фактот дека е роден ноќта помеѓу Велики вторник и Чиста среда. Меитнер раскажувал дека оние кои биле блиски со Болцман биле свесни за неговите напади на тешка депресија и за неговите обиди за самоубиство. На 5 септември 1906, додека бил на летен одмор во Дуино, близу Трст, Болцман се обесил за време на нападот на депресија.Upon Boltzmann's death, Friedrich ("Fritz") Hasenöhrl became his successor in the professorial chair of physics at Vienna. Тој е закопан во виенските Централни гробишта;неговиот надгробен споменик го носи натписот на ентрописката формула:
каде log означува природен логаритам.
Филозофија Болцмановата кинетичка теорија на гасовите изгледала како да ја подразбира реалноста на атомите и молекулите, но скоро сите германски филозофи и многу научници како Ернст Мах и Вилхелм Оствалд не верувале во нивното постоење.За време на 1890те Болцман се обидел да формулира компромисен став кој би дозволил и на атомистите и на анти-атомистите да се занимаваат со физика без да се расправаат за атомите.Неговото решение било да ја употрби теоријата на Хајнрих Херц според која атомите се всушност, модели или слики. Атомистите би мислеле дека сликите се вистинските атоми,додека анти-атомистите би мислеле на сликите како нереален,но корисен модел,но ова не ги задоволило ни двете групи.Понатаму,Оствалд и многу други бранители на "чистата термодинамика" напорно се труделе да ја побијат кинетичката теорија на гасовите и статистичката механика поради Болцмановите претпоставки за атомите и молекулите и посебно на статистичкото толкување на вториот закон.
Околу крајот на векот,на Болцмановата наука и се заканувала нова филозофска забелешка.Некои физичари,вклучувајќи го и Маховиот студент, Густав Јауман, го протолкувале Херц како да означува дека целото електромагнетно однесување е континуирано,како да нема атоми и молекули, и исто така како физичкото однесување да е во крајна линија електромагнетно.Ова движење околу 1900та длабоко го депресирало Болцман,бидејќи тоа значело крај на неговата кинетичка теорија и статистичкото толкување на вториот закон на термодинамиката.
По Маховата оставка во Виена во 1901, Болцман се вратил таму и решил да стане самиот филозоф лично за да ги побие филозофските приговори против неговата физика,но набрзо повторно се обесхрабрува. Во 1904 на конференција по физика во Св.Луис се чинело дека повеќето физичари ги отфрлаат атомите и тој не бил поканет дури и на физичкиот оддел. Наместо тоа,тој бил заглавен во одделот "применета математика" и тој насилно ја нападнал филозофијата, посебно наводните Дарвинистички основи, но всушност во смисла на Ламарковата теорија на наследување на стекнати одлики според која луѓето наследуваат лоша филозофија од минатото и дека е тешко за научниците да ги надминат тие наследства.
Во 1905 Болцман се допишувал со австро-германскиот филозоф Франц Брентано надевајќи се на подобро запознавање на филозофијата, очигледно,за подобро да ја отфрли нејзината релевантност во физиката,но се обесхрабрил и на овој пристап. Во следната 1906 неговата ментална состојбата станала толку лоша што тој морал да даде оставка.Тој извршува самоубиство истата година,бесејќи сè додека бил на одмор со неговата жена и ќерка близу Трст,Италија."Eureka! Science's greatest thinkers and their key breakthroughs", Hazel Muir, p.152, ISBN 1780873255
Физика Болцмановите најголеми придонеси биле во кинетичката теорија, вклучувајќи ја Максвел-Болцмановата распределба за молекуларна брзина во гас. Освен тоа, Максвел-Болцмановата статистика и Болцмановиот закон на распределба за енергиите остануваат основите на класичната и статичката механика.Тие се применуваат на многу феномени за кои не е потребна Максвел-Болцманова статистика и обезбедуваат извонреден увид во значењето на термодинамичката температура.
Голем дел од физичките основања не биле споделени од неговото верување во реалноста на атомите и молекулите — биле споделени од Максвел во Шкотска и Гибс во САД; и од други хемичари по откритијата на Џон Далтон во 1808.Тој водел долготраен спор со уредникот на моќниот германски весник по физика во тоа време, кој одбил Болцман да ги упатува атомите и молекулите како нешто друго освен погодни теоретски конструкции. Само неколку години по смртта на Болцман, Периновите студии за колоидни суспензии (1908–1909), засновани на Анштајновите теоретски студии од 1905, ги потврдило вредностите на Авогадровиот број и Болцмановата константа, и го убедиле светот дека и најситните честички навистина постојат.
Цитирајќи го Планк, "Логаритамската врска меѓу ентропијата и веројатноста беше првенствено истакната од Л. Болцман во неговата кинетичка теорија на гасовите".Max Planck, p. 119. Познатата формула за ентропија е S е еднакво наThe concept of entropy was introduced by Rudolf Clausius in 1865. He was the first to enunciate the second law of thermodynamics by saying that "entropy always increases".An alternative is the information entropy definition introduced in 1948 by Claude Shannon. It was intended for use in communication theory, but is applicable in all areas. It reduces to Boltzmann's expression when all the probabilities are equal, but can, of course, be used when they are not. Its virtue is that it yields immediate results without resorting to factorials or Stirling's approximation. Similar formulas are found, however, as far back as the work of Boltzmann, and explicitly in Gibbs (see reference).
каде kB е Болцамановата константа, и ln е природен логаритам. W е веројатноста, што ја означува честотата на појава на макро состојба, p. 21 или, попрецизно, бројот на можни микросостојби што соодвестуваат на макроскопската состојба на еден систем. Болцмановата парадигма била идеален гас на N идентични честички , од кои Ni се во i микроскопска состојба на позиција и моментум.W може да биде пресметано по формулата на пермутации
каде i се движи низ сите можни молекуларни состојби."Исправката" во именителот е поради тоа што идентичните честички во иста состојба се непрепознатливи.
Болцман е исто така и еден од основачите на квантната механика поради неговиот предлог во 1877 дека енергетските нивоа на физички систем можат да бидат одвоени.
Равенката на S е запишана на Болцмановиот надгробен споменик во виенските Централни гробишта.
Болцмнова равенка
Болцмановата равенка била содадена за да ја опише динамиката на идеален гас.
каде ƒ претставува дистрибуциска функција на позиција на една-честичка и моментум во определено време, F е силата, m е масата на честичката, t е времето и v е средната брзина на честичките.
Оваа равенка ги опишува временската и просторната варијација(промена) на можната дистрибуција за позицијата и моментумот на густината на распределба на облак на точки во една честичка.Првиот термин на левата страна претставува експлицитното време на варијација на дистрибуциска функција, додека вториот термин ја дава просторната варијација , и третиот термин го опишува ефектот на било која сила која дејствува на честичките.Десната страна на равенката претставува ефектот на судири.