Сесил Франк Пауел, ( – ) — британски физичар со Нобелова награда за физика за неговото истражување за фотографскиот метод на студирање на јадрените процеси и за значителното откривање на пионот, субатомска честичка.
Личен живот Пауел е роден во Тонбриџ, Кент, Англија, син на пушкар, и се образувал во локално средно училиште пред да се здобие со стипендија. Продолжил во Сидни Сасекс колеџот, Кембриџ, дипломирајќи природни науки во 1925. Подоцна тој работел во Кавендишката лабораторија, Кембриџ, под надзор на Чарлс Вилсон и Ернест Радерфорд, го истражувал феноменот на кондензација, и се здобил со титулата доктор на филозофија на полето на физиката во 1927.
Во 1932 Пауел се оженил за Исобел Артнер и заедно имале две ќерки.
Професионален живот Во 1928 тој бил истражувачки асистент во лабораторијата во Бристолскиот универзитет, каде подоцна бил назначен за предавач. Во 1936 станал дел од екпедицијата на Западните Инди, како дел од истражувањето за вулканска активност, каде што се појавува во печат издаден во Гренада.
За времепрестојот во Бристолскиот Универзитет, Пауел го посветил своето внимание на создавање на техники за мерење на подвижноста на позитивните јони, за да се определи природата на јоните во одредени гасови, и за изградба и употреба на Кокрофтовиот генератор за истражување на разнесувањето на атомските јадра. Тој исто така почнал да создава методи внесувајќи специјализирани фотографски емулзии за да го олесни снимањето на трагите од елементарните честички, и во 1938 почнал да ја употребува оваа техника во истражувањето за космичко зрачење, изложувајќи фотографски плочи на голема надморска височина, на врвовите од планините со употреба на специјално дизајнирани балони, соработувајќи во истражувањето со О. Џузепе, Х. Мирхед и млад бразилски физичар Цезар Латес. Оваа работа во 1946 довела до пронаоѓањето на пионот, со што е докажано дека е хипотетичка честичка предложена во 1935 од Хидеки Јукава во неговата теорија за јадрена физика.
Во 1949 Пауел станал член на Кралското Друштво и истата година го добил хјузовиот медал. Во 1950 тој бил награден со Нобелова награда за физика „за неговото истражување на фотографскиот метод на проучување на јадрените процеси и неговите откритија за мезоните со овој метод“. Од 1952 Пауел бил назначен за директор на неколку експедиции за Сардинија и Долината По, Италија, и летал со балони на голема надморска височина.
Во 1961 Пауел го примил Кралскиот медал и служел на научниот комитет на европската организација за јадрено истражување CERN таа година, и во 1967 бил награден со Ломонсов златен медал „за извонредни достигнувања во физиката за елементарни честички “.
Смрт мини|десно|Меморијална клупа и плоча посветена на Пауел на местото на неговата смрт, во подножјето на Алпите, Италија.
Пауел умрел на 9 август 1969, додека нарвор пешачел на подножјето на Алпите блиску до Валсасина, регион во Италија, каде што престојувал со пријателите. Клупа со комеморативна плоча била подигната близу до местото на неговата смрт, посветена за негова меморија.
Поврзано Мариета Блау Ернест Радерфорд Чарлс Вилсон
Надворешни врски Page on Powell на мрежната страница за нобелови награди, вклучувајќи биографија, говори и предавања Portrait photograph of Powell на Американскиот институт за физика
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Британски нобеловци Категорија:Англиски физичари Категорија:Експериментални физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Честични физичари Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Англиски нобеловци Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет