Хидеки Јукава ( – ) — јапонски теориски физичар, воедно и првиот јапонски нобеловец. Во 1932 претскажал дека во јадрото дејствуваат силни заемодејства кои се одвиваат преку размена на мезони (; во превод: среден). Животопис

Бил роден како Хидеки Огава во Токио и детството го поминал во Кјото. Во 1929, по примената диплома од Царскиот универзитет Кјото, останал како предавач четири години. По дипломирањето, почнал да се интересира за теориската физика, поточно за теоријата на елементарните честички. Во 1932, се оженил со Суми Јукава (), и неговото семејно име било променето во Јукава. Заедно имале два сина, Харуми и Такаки. Во 1933 станал професор асистент во Осака универзитетот, на 26 годишна возраст.

Во 1935 ја објавил својата теорија за мезонот, каде е објаснето заемодејството помеѓу протоните и неутроните, која извршила големо влијание врз истражувањето на елементарните честички. Во 1940 станал професор во Кјотскиот универзитет. Во 1940 ја добил Царската награда на јапонската академија. Во 1949 станал професор во Колумбискиот универзитет, истата таа година ја добил и Нобеловата награда за физика, по откритието на пионот од страна на Сесил Франк Пауел, Џузепе Окиалини и Цезар Латес, откритие кое било предвидено од Јукава во 1947. Јукава исто така работел и на теоријата за К-зафатот, каде што електрон со ниско енергетско ниво е апсорбиран од јадрото.pp. 11–12, K-Electron Capture by Nuclei, Emilio Segré, chapter 3 in Discovering Alvarez: selected works of Luis W. Alvarez, with commentary by his students and colleagues, Luis W. Alvarez and W. Peter Trower, University of Chicago Press, 1987, ISBN 0-226-81304-5.

Јукава станал првиот претседател на Јукава институтот за теориска физика. Парискиот универзитет му доделил докторат и почесно учество во Кралското друштво.

Бил уредник на „Напредок на теориската физика“ и ги објавил книгите „Запознавање со квантната механика“(1946) и „Запознавање со теоријата на елементарните честички“ (1948).

Во 1955, се придружил на други десет водечки научници и интелектуалци во склучување на Расел-Ајнштајновиот манифест, кој повикува на јадрено разоружување.

Јукава се пензионирал од Кјотскиот универзитет во 1970 како „Професор Емеритус“. Како резултат на неговата физичка слабост, тој во неговите последни години од животот се појавил пред јавноста во инвалидска количка. Умрел во својот дом во „Sakyo-ku“, Кјото, на 8 септември 1981 од пневмонија и срцева слабост, на 74 годишна возраст. Неговиот гроб е во „Higashiyama-ku“, Кјото.

Соло виолинистот Дијана Јукава () — роднина на Хидеки Јукава.

Награди и почести Кралска награда (1940) Академска Нома награда (1941) Поредок на културата (1943) Нобелова награда за физика (1949) Странски член на Лондонското кралско друштво (1963) Ломоносов златен медал (1964) Поредок на Федерална Република Германија, Меритски медал (1967) Медал за Папската академија на науките (1967)

Поврзано Јукавин потенцијал Јукавино заемодејство

Наводи

Надворешни врски Hideki Yukawa - Nobel Biography About Hideki Yukawa his prediction of the existence of mesons on the basis of theoretical work on nuclear forces.

Категорија:Јапонски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Јапонски нобеловци Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Теориски физичари Категорија:Честични физичари Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет Категорија:Странски членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Членови на Кралското друштво на Единбург Категорија:Странски членови на Индиската национална академија на науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво