Мајкл Стивен Портној (англиски: Michael Stephen Portnoy; роден на 20 април 1967) — американски тапанар познат по неговата работа со прогресивната метал група Dream Theater. Портној е познат по неговата виртуозност на тапани и за освојувањето на 21 награда од магазинот Modern Drummer (македонски: Модерен тапанар). Тој (заедно со Џон Петручи) е продуцент на последните четири албуми на Dream Theater, започнувајќи од Scenes From a Memory. Тој е исто така најмладата личност (на 37-годишна возраст) која е примена во Куќата на славни рок тапанари.

Надворешни врски MikePortnoy.com Форумот на Мајк Интервју со Мајк во веб-магазинот Drummer's Digest Metal Sludge - 20 прашања со Мајк Портној

П П Категорија:Апсолвенти на колеџот за музика „Беркли“ Категорија:Живи луѓе