Претставно ниво — шестото ниво од седумслојниот OSI-модел на сметачките мрежи. Служи како преведувач на податоците за мрежата, и понекогаш се нарекува и синтаксичко ниво.

Опис Претставното ниво е одговорно форматирање на информациите и нивна испорака до применетото ниво за понатамошна доработка. Ова ја олеснува работата на применетото ниво кога се во прашање семантичките разлики во репрезентацијата на податоците во рамките на крајните кориснички системи. Пример за оваа услуга би бил претворање од EBCDIC-кодиран текст во ASCII-кодирана податотека. Претставното ниво е најниското ниво каде што приложните програмери користат податочна структура наместо едноствано испраќање на податоци во форма на датаграми или размена на пакети помеѓу домаќини. Ова ниво се справува со различни типови на стринг репрезентации, во зависност дали се користи Pascal метод (поле со целобројна должина) или C++ метод (стрингови кои завршуваат со null). Главната цел е дека апликациското ниво треба да биде во можност да ги посочи податоците кои треба да бидат преместени, а со остатокот ќе се погрижи претставното ниво.

Серилизацијата на сложените податочни структури во flat-byte стрингови (користејќи механизми како TLV или XML) може да се сметаат како клучна функционалност на претставното ниво.

Енкрипцијата на податоците најчесто се прави на ова ниво, иако може да биде извршена и на применетото, седничкото, преносното и мрежното ниво, од кои секоја има свои предности и недостатоци. Декрипцијата исто така се извршува на ова ниво, на пример при логирање на сајтови за проверка на банкарски сметки, претставното ниво ги декриптира податоците во редоследот по кој примени. Друг пример претставува структурата која нормално е стандардизирана на ова ниво, притоа употребувајќи XML. Во повеќе широко распространети прилози и протоколи не се прави разлика помеѓу претставното и применетото ниво. На пример хајпертекст трансфер протокол от(HTTP), генерално се смета како протокол од применетото ниво, има аспекти од претставното ниво како способноста да идентификува кодирани карактери за соодветна комуникација која се извршува на применетото ниво. Во рамките на семантиката на услугите на слоевите на мрежната архитектура OSI, претставното ниво одговара на барањата од применетото и ги испраќа грешките до сесиското ниво.

Во OSI-моделот претставното ниво треба да се погрижи информацијата што апликациското ниво на системот ја испраќа, би можела да се прочита на применетото ниво на друг систем. На пример, сметачки програм комуницира со друг сметач, едниот користи EBCDIC-кодирани податоци, другиот ASCII за претставување на истите карактери. Ако е потребно, претставното ниво може да биде во можност да преведе повеќе податочни формати во заеднички формат.

Сервиси Data conversion Character code translation Compression Encryption and Decryption

Поднивоа Претставното ниво може да биде составено од два поднивоа: Заеднички апликациски елемент (CASE) и специфичен апликациски елемент (SASE).

CASE Заедничкиот апликациски ечементен подслoј обезбедува услуги за аплицаскиското ниво и барања од сесиското ниво. Обезбедува поддршка за заеднички апликациски сервиси како што се: ACSE (Association Control Service Element) ROSE (Remote Operation Service Element) CCR (Commitment Concurrency and Recovery) RTSE (Reliable Transfer Service Element)

SASE Конкретниот апликациски подслој кој обезбедува апликациски услужни протоколи како што се: FTAM (File Transfer, Access and Manager) VT (Virtual Terminal) MOTIS (Message Oriented Text Interchange Standard) CMIP (Common Management Information Protocol) JTM (Job Transfer and Manipulation) a former OSI standard MMS (Manufacturing Messaging Service) RDA (Remote Database Access) DTP (Distributed Transaction Processing)

Протоколи Други протоколи кои понекогаш сметаме дека се дел од ова ниво вклучуваат: Apple Filing Protocol (AFP) Independent Computing Architecture (ICA), the Citrix system core protocol Lightweight Presentation Protocol (LPP) NetWare Core Protocol (NCP) Network Data Representation (NDR) Telnet (a remote terminal access protocol) eXternal Data Representation (XDR) X.25 Packet Assembler/Disassembler Protocol (PAD)

Категорија:OSI-протоколи *