Поликарп Куш ( - ) — германско-американски физичар. Во 1955 бил награден со Нобелова награда за физика заедно со Вилис Јуџин Лем за нивната прецизна определба дека магнетниот момент на електронот е поголем од неговата теоретска вредност, ова довело до повторно разгледување и иновирање на квантната електродинамика.
Тој во 1931 ја добил својата диплома по физика од Западниот резервен универзитет Кејс. На Илинојскиот универзитет магистрирал во 1933 и станал доктор на филозофија во 1936. Поголемиот дел од својата кариера го поминал како професор во Колумбискиот универзитет во Њујорк и работел како академски администратор неколку години пред да замине во новоизградениот Тексашки универзитет во Далас. Работел на резонанцијата на молекукларните зраци под раководство на Исидор Ајзек Раби, тогаш го открил електронскиот аномален магнетен момент. Следеле многу мерења на магнетните моменти и хиперфината структура. Тој се заинтересирал и за хемиската физика и продолжил да објавува истражувања за молекуларните зраци. За време на неговиот мандат во Колумбија, тој му бил докторски надзорник, ментор, на Гордон Гулд, пронаоѓачот на ласерот.
Станбен дом за студенти на дипломски студии во Западниот резервен универзитет Кејс во Кливленд, Охајо на јужниот кампус е именуван по Д-рКуш. Градбата е именувана „Кушова куќа“. Се наоѓа на карлтоновиот пат на кливлендската висорамнина.
Професорот Куш се оженил со Едит Стар МекРобертс и заедно имале три ќерки. Неговата жена починала во 1959 и се оженил со Бети Пецони во 1960. Поликарп Куш починал на 20 март 1993.
Наводи
Надворешни врски Polykarp Kusch bio at nobelprize.org National Academy of Sciences Biographical Memoir
Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Американски нобеловци Категорија:Германски нобеловци Категорија:Германски физичари Категорија:Луѓе од Брунсвик Категорија:Апсолвенти на Илинојскиот универзитет во Урбана-Шампајн Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво