Љубански манастир — манастир во скопското село Љубанци. Прогласен е за споменик на културата на Македонија.
Местоположба
Манастирот е сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, веднаш над скопското село Љубанци, од каде води тесен асфалтиран пат.
Историја
Манастирот бил обновен во 1847 година. Според месното прeдание, манастирот бил подигнат по видение во сон на селанецот Бојко Раев, кој станал и негов ктитор.
Во текот на и век, во манастирот доаѓало голем дел од населението за време на манастирскиот собор, кој се одржува и денес на 22 мај.
Поради поволната клима, за време на Втората светска војна, манастирот служел како воздушна бања за болните од туберкулоза.„Се врши конзервација на манастирот „Св. Никола“ во Љубанци“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 16.
Кон крајот на век, манастирот бил во лоша состојба, со полуразрушени конаци и пропадната црква.
Градби во манастирот
Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, старите конаци и други помошни стопански објекти.
Црква „Св. Никола“ - Љубанци
Црквата поседува зачуван живопис. Иконостасот во манастирската црква бил изработен од познатиот мајстор Дичо Зограф.
Конаци
Околу храмот се наоѓаат два конака.
Во 2015 година започнала конзервација и реставрација на конакот во манастирот.
Монаштво
До 1960 година, манастирот функционирал како машки манастир, додека во 1998 година бил возобновен како женски манастир. Денес, во него живеат три монахињи.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Љубанци Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Скопската епархија Категорија:Дела на Дебарската школа