мини|250п|„Девширме“ (илустрација од книга од Топкапи-сарај.) Данокот во крвIngvar Svanberg and David Westerlund, Islam Outside the Arab World, Routledge, 1999, p. 140 или девширме во Османлиското Царство се состоел од собирање на најздравите деца, од христијанската раја, кои биле водени во Цариград, воведувани во исламот и подложувани на специјален режим на воспитување.
Прв пат во изворите се споменува во 1395 година, а за време на султанот Мурат II (1431-1451 година), бил озаконет. Освен неколку исклучоци, целото христијанско население во европскиот дел на Царството, а подоцна и во азискиот дел, било подложено на девширме. Старосната граница на собраните деца се движела меѓу 8 и 20 години, во зависност од потребите.
Најнадарените деца (ич оглани) биле избирани и тренирани во една од царските палати, со цел да станат лична придружба на султанот. Повеќето од другите деца (аџеми оглан) станувале припадници на јаничарскиот корпус. Тие уживале голем број привилегии, што им овозможувало да заземат високи позиции во државната хиерархија. За време на војна служеле како пешадија, заземајќи ја централната позиција во воената формација и штитејќи го султанот.
Се смета дека до средината на 18 век до кога постоела оваа институција, вкупно биле собрани и исламизирани околу 200 000 илјади христијански деца.
Данокто во крв како тема во книжевноста „Мостот на Дрина“ — книга на југословенскиот писател Иво Андриќ.Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967.
Наводи
Категорија:Војска на Отоманското Царство Категорија:Христијанство и ислам Категорија:Христијанството во Отоманското Царство Категорија:Данок во крв Категорија:Отоманска култура Категорија:Отоманско општество Категорија:Османлиски робови